Најзгодната заболекарка во Србија: Му беше кума на Новак Ѓоковиќ, учествуваше во реално шоу во САД

Таа и нејзиниот поранешен сопруг му беа кумови на свадбата на Новак Ѓоковиќ, а потоа тенисерот беше кум и на нивната свадба. Која е најубавата српска заболекарка, која со години важи и за еден од најубавите српски модели?

najzgodnata-zabarka-vo-srbija-mu-beshe-kuma-na-novak-gjokovikj-uchestvuvashe-vo-realno-shou-vo-sad-01.jpg

Александра Марковиќ е позната како српски модел и инфлуенсерка, а малкумина знаат дека таа по професија е дипломиран стоматолог.

Таа на својот Инстаграм профил редовно објавува фотографии и видеа и мами воздишки со совршениот изглед, а за себе вели дека е горда мајка, мејкап артистка и вљубеничка во јога.

Александра прво завршила средно медицинско училиште во Крушевац, а потоа и дипломирала на Стоматолошкиот факултет во Белград, заради што ја нарекуваат најзгодната заболекарка во Србија.

Александра беше во брак со српскиот фудбалер Невен Марковиќ и тие двајца беа кумови на свадбата на Новак Ѓоковиќ и Јелена. Потоа, Ноле беше кум и на свадбата на Невен и Александра.

Заедно ја добија ќерката Ина, но по пет години брак се разведоа.

Пред две години, во повеќе српски медиуми беше објавена веста дека Александра добила покана да учествува во американското реално шоу She’s Got a Look, каде не настапувала како натпреварувачка, туку како членка на жирито.

„Со оглед на тоа што се занимавам со моделинг од 16 години, сега веќе сум повозрасна.

Кога ме повикаа таму многу се израдував и ја прифатив соработката, затоа што би сакала да им помогнам на младите модели, да ги насочам и да им објаснам нешто“ – изјави тогаш убавата Александра.

Нејзиниот профил на Инстаграм во моментов го следат над 26.000 следбеници.

Во продолжение погледнете некои од нејзините фотографии и ќе сфатите зошто таа важи за најубавата заболекарка во Србија:

najzgodnata-zabarka-vo-srbija-mu-beshe-kuma-na-novak-gjokovikj-uchestvuvashe-vo-realno-shou-vo-sad-12.jpg

najzgodnata-zabarka-vo-srbija-mu-beshe-kuma-na-novak-gjokovikj-uchestvuvashe-vo-realno-shou-vo-sad-11.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Животот ни даде сè“ - Александра Пријовиќ објави прва фотка од ќерката - прослава во ресторан, баби... Гордата баба Борка Михајловиќ (мајката на Александра Пријовиќ) носи маица на кој...
„Секоја чест“ - Српски пејач позираше со бившата и сегашната сопруга и децата од двата брака „Секоја чест“, „Браво, ова не може секој да го направи“, „Колку е убаво да се ви...
Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...

Најчитани неделава