Бресквица е висока само 160cm, а играла кошарка – Детали за пејачката, фаворит на српскиот избор за песна на Евровизија
- Детали
- петок, 01 март 2024
Хоби ѝ е реставрирањето стари автомобили, благодарение на Војаж стана славна, а сега има нов дечко, за кого велат дека е „набилдана верзија“ на пејачот. Детали за српската пејачка Бресквица, чија песна е фаворит за изборот на Песна за евровизија.
Ангела Игњатовиќ, која е попозната под уметничкото име Бресквица, деновиве е топ тема низ српските медиуми заради настапот со песната „Гнездо орлово“ на српскиот избор за Песна за Евровизија.
Таа на сцената се појави во бел фустан со ангелски крилја и костим кој е инспириран од српскиот фолклор, а влезе во финалната вечер и важи за една од најголемите фаворити, иако нејзиното учество е проследено со низа скандали затоа што, според некои, песната има политички конотации.
Која е всушност Ангела Игњатовиќ - Бресквица?
Бресквица е родена во Белград во 2001-ва година во Белград, а нејзините родители не се познати личности.
Таа завршила средно училиште во Белград, а прекарот го добила од својата најдобра другарка, па така се определила и за своето уметничко име.
Во едно гостување во емисија, таа раскажа дека прекарот го добила затоа што праските ѝ биле омилена ужина.
„Константно јадев праски на големиот одмор“ – рече таа.
Како дете се занимавала со кошарка, но заради повреда морала да прекине да се занимава со спортот.
Со својата висина од само 160cm и необичната боја на гласот, Бресквица често ја нарекуваат и српската Аријана Гранде.
Уште еден интересен детаљ за Бресквица, која се прослави како трап пејачка, е и тоа што како мала слушала само рок и метал и така и се облекувала.
Заради нејзиниот стил на облекување, многумина ја осудувале и ја нарекувале „секташка“.
Дел од српските медиуми пишуваат дека Бресквица одлучила да ги избрише сите „чудни“ фотки на Инстаграм од тоа време, веднаш штом станала славна.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





