Учителка од Србија не сака подарок за 8 Март: „Донирајте ги парите, јас имам сè“

Лела, учителка од Србија, ги освои симпатиите во регионот, откако побара од родителите да не ѝ купуваат подароци за 8 Март, туку парите што би ги собрале да ги уплатат за лекување на една мајка.

uchitelka-od-srbija-ne-saka-podarok-za-8-mart-donirajte-gi-parite-jas-imam-se-01.jpg

Купувањето подароци за учителките за 8 Март е традиција која трае со децении. Родителите сами, или во договор со другите родители од одделението, се организираат за купување цвеќе и подароци за жените кои се грижат за образованието на нивните деца.

Па, додека едни купуваат скромни подароци, има и такви кои собираат прилично висока сума пари за да им подарат на учителките нешто големо и скапо.

Но, Лела, учителка од Србија, ги освои симпатиите во регионот, откако побара од родителите да не се трошат за подароци, туку парите што би ги собрале да ги уплатат за лекување на Ивана од Пејовци.

uchitelka-od-srbija-ne-saka-podarok-za-8-mart-donirajte-gi-parite-jas-imam-se-02.jpg

Пораката што учителката Лела ја испратила до родителите се споделува на Твитер.

„Добар ден. Знам дека е актуелна еуфоријата околу Денот на жената. Така е и кај моите деца во градинка и на училиште.

Во оваа пригода би ве замолила парите наменети за подарок да ги уплатите на сметката на Ивана од Пејовци.

Јас имам сè. Не постои подарок кој ми е потребен, колку што неа и на нејзиното дете им е потребно таа да оздрави.

Јас вашите деца и својата работа ги сакам и без подароци. Ништо нема да ја смени мојата работа. Уште еднаш би ве замолила тоа да ѝ го подарите на Ивана“, стои во порака на учителката.

uchitelka-od-srbija-ne-saka-podarok-za-8-mart-donirajte-gi-parite-jas-imam-se-03.jpg

Ова предизвика воодушевување во регионот.

„Има надеж додека постојат скромни, ведри и воспитани луѓе“, стои во коментарите.

А. Ј. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Српската пејачка Милена Чераниќ: „Имам видено многу повеќе среќни парови без деца, отколку со по нек... „Не ми зборувајте дека најважно е да родам дете, затоа што за мене е најважно да...
Српски пејач (88) е во врска со 41 година помлада: „На моите деца не им беше пријатно кога дознаа“ „Сфативме дека сме еден за друг. Ако некој зборува вака или онака, тоа е нивен п...
Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит... „Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...
Хрватска пејачка со апел: „Жената не треба да му биде роб на мажот, и на децата - нема мама е мама, ... „Јас самата сум си секогаш приоритет. Ако сум ненаспана, нервозна или уморна, то...
„Мораше“ - Сопругата го брани Дарко Лазиќ, кој повторно пее 2 седмици по смртта на брат му и стана м... „Прочитав коментари како ‘срам да ти е, не поминале ни 40 дена, а веќе пееш’. Са...

Најчитани неделава