Ја нарекуваат турската „Моника Белучи“, алергична е на ботокс – факти за актерката Нурѓул Јесилчај

Ја глумеше Езо во „Бунтовничка“, Јасемин во „Љубов и казна“ и Ѓулсерен од „Парампарче“. Растела како принцеза и добивала сѐ што ќе посака. Што знаеме за турската „Моника Белучи“?

ja-narekuvaat-zena-so-iljada-lica-detali-za-zivotot-na-turskata-akterka-nurgjul-jesilchaj-01_copy.jpg

Нурѓул Јесилчај е една од најпопуларните и најплатените турски актерки. 

Турските медиуми пишуваа дека за некои серии добила и 20.000 евра хонорар, но тоа е оправдано, бидејќи сериите во кои глумела секогаш се најгледани.

Во својата кариера имала само главни улоги, од кои повеќето имаат за цел да ѝ пркосат на конзервативната средина. 

Нурѓул со леснотија ги игра сите улоги кои ги добива, а токму затоа за неа велат дека е „жена со илјада лица“.

ja-narekuvaat-zena-so-iljada-lica-detali-za-zivotot-na-turskata-akterka-nurgjul-jesilchaj-15_copy.jpg

Без двоумење снимила љубовна сцена со жена, но глумела и алкохоличар. 

Досега глумела во многу серии кои се емитувале кај нас, но публиката ја запамети по улогата на Езо во серијата „Бунтовничка“, Јасемин од серијата „Љубов и казна“ и Ѓулсерен од „Прампарче“.

Добитник е на многу награди, а омилена ѝ е наградата за најдобра актерка на 45-тиот филмски фестивал „Златен портокал“ во Анталија во 2008 година.

ja-narekuvaat-zena-so-iljada-lica-detali-za-zivotot-na-turskata-akterka-nurgjul-jesilchaj-09_copy.jpg

Турската Моника Белучи

Нурѓул Јесилчај е родена на 26 март 1976 година во Афјонкарахисар во централна Турција. 

Имала прекрасно детство и две постари сестри со кои, како што вели, е многу приврзана.

За турските медиуми има изјавено дека сестрите ја чувале и разгалувале како принцеза. Никогаш не морала да прави ништо низ дома, а добивала сѐ што ќе посака.

ja-narekuvaat-zena-so-iljada-lica-detali-za-zivotot-na-turskata-akterka-nurgjul-jesilchaj-02_copy.jpg

Во Истанбул се преселила откако дипломирала глума на Универзитетот „Ескишехир“. 

Веднаш по завршувањето на студиите почнала да го употребува уметничкото име Јесилчај, што означува зелен чај. 

Поради нејзината убавина често ја нарекуваат турска Моника Белучи.

ja-narekuvaat-zena-so-iljada-lica-detali-za-zivotot-na-turskata-akterka-nurgjul-jesilchaj-07_copy.jpg

Иако е во петтата деценија од животот изгледа минимум 10 години помладо.

Еднаш се обидела и да стави ботокс, но имала силна алергиска реакција и лицето ѝ било целосно отечено.

ja-narekuvaat-zena-so-iljada-lica-detali-za-zivotot-na-turskata-akterka-nurgjul-jesilchaj-04_copy_copy.jpg

Целосно посветена на синот

Нурѓул во својата кариера, добила и понуди за работа на странскиот пазар, но ги одбила поради нејзиниот сопруг, 17 години постариот колега Џем Озер, со кој го имаат синот Осман Нејат. 

Тие се запознале во 2004 година за време на снимање на една серија, а се венчале неколку месеци подоцна. 

За неа тоа било прв, а за него четврти брак.

ja-narekuvaat-zena-so-iljada-lica-detali-za-zivotot-na-turskata-akterka-nurgjul-jesilchaj-08_copy.jpg

Сепак, нивната среќа не траела долго и се развеле по 6 години брак.

По разводот никогаш повторно не стапила во брак и целосно се посветила во воспитувањето на синот.

Во слободно време сака да слика и да патува со синот.

Повеќе нејзини фотографии на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Синот на Лепа Брена и Боба ужива на јахта со родителите – се бања со татко му, позира во Позитано со... Виктор, синот на Лепа Брена и Боба, објави фотки од семејниот одмор со родителит...
Синот на Лепа Брена пече леб и спрема казан со чварки – Подготовки во луксузниот дом за славење Св. ... Малиот син на Лепа Брена и Бобо, Виктор, секогаш помага во подготовките за куќна...
Првиот сопруг бил во затвор во Германија, со вториот - спиеле во одделни соби: Кои се бившите сопруз... „Тој период го паметам како најмачниот. Ми беше многу тешко, па утеха наоѓав во ...
Марија Шерифовиќ ужива на Бали со синот – мајка ѝ Верица го донесе сама со авион, таа не сака да се ... Марија подолг период уживаше сама на Бали, а пред неколку дена откри дека мајка ...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...
Наташа Беквалац (46) стана вирален хит со изјавата за љубовниот живот: „Состојбата е тага, горчина и... „Јас имам 46 години и тоа што порано го можев за 3 дена, сега не го можам за 3 н...

Најчитани неделава