Вучиќ низ солзи соопшти дека малата Данка Илиќ е убиена: „Со какви монструми имаме работа“ (видео)

„Имаме лоши вести за малата Данка Илиќ од Бор. Имаме две лица, кои, ако јас добро разбирам, извршиле убиство и колку што можев да сфатам, тие го признале делото во полицијата. Со какви монструми си имаме работа“ – рече претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

vuchikj-niz-solzi-soopshti-deka-malata-danka-ilikj-e-ubiena-so-kakvi-monstrumi-imame-rabota-video-01.jpg

Со тага и неверување, претседателот на Србија ги соопшти најновите вести за потрагата по 2-годишната Данка Илиќ во Србија, по која се трагаше цели 10 дена.

Тој присуствуваше на Седницата на Владата на Република Србија, кога ги доби лошите вести и ги соопшти во јавноста.

„Имаме лоши вести за малата Данка Илиќ од Бор. Имаме две лица, кои, ако јас добро разбирам, извршиле убиство и колку што можев да сфатам, тие го признале делото во полицијата. Со какви монструми си имаме работа“ – рече претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Како што рече, лицата кои го признале делото во моментов ги носат претставниците на полицијата до местото каде што го фрлиле телото. Според дел од српските медиуми, полицијата нашла траги од крв на еден автомобил, што ја одвело истрагата до осомничените, кои подоцна го признале делото.

Како што пишуваат дел од медиумите, двајца вработени во претпријатието „Водовод“, кои се на возраст од 50-години го удриле девојчето со службениот автомобил и телото го фрлиле во дива депонија во близина на Бор.

Првоосомничениот се товари дека направил тешко дело против безбедноста на сообраќајот, додека второосомничениот се товари за помагање на извршителот по извршување на кривично дело.

Двајцата се уапсени и задржани во полиција.

Инаку, според извори блиски до истрагата, несреќата се случила околу 13.52 минути, односно само 7 минути откако забележала дека девојчето го нема.

За потсетување, Данка Илиќ (2) исчезна на 26.03 околу 13.45 часот во приградската населба Бањско поље.

За неа за првпат во Србија беше активиран системот „Пронајди ме“, што е српска верзија на американскиот систем „Амбер алерт“.

Прочитајте и Мајката влегла да наполни вода и девојчето го снемало – Што знаеме за исчезнувањето на Данка Илиќ (2) од Србија?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се сврте кон верата, чудни напливи на емоции – Што прави бившиот сопруг на Марија Микиќ откако се вр... Ги носи децата во црква, околу вратот носи крст, почна да работи како менаџер на...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Српски писател со вирален статус за Дарко Лазиќ: „Сериозно, ќе го тужам за душевната болка што ми ја... „Ни крив ни должен, дознав сè за Дарко Лазиќ... Дека се здебелил, дека ослабел, ...
Се огласи Ѓоле Џогани по вестите за развод со Весна + Каков имот поседува парот? По веста дека Ѓоле се иселил од семејниот стан во кој останала Весна со децата, ...
Маја Оџаклиевска за внукот со аутизам: „Лука (16) е сместен во дом со 300 лица со попреченост, цело ... „Не е оштетено само детето, туку целото семејство е оштетено. Замислете кога мој...
Градимир од Србија: „Тешко е да си камионџија, особено на празници, но една случка во Минхен ме трог... „Поздрав до сите колеги камионџии, сакам да споделам нешто убаво, да не биде дек...

Најчитани неделава