Вирално видео на Србинка: „Јас сум заменик директорка и сум патлиџан турист – со себе носам макарони, домати, паштета“

„Многу од вас мислат дека ви требаат многу пари за одмор, дека мора да можете да си дозволите храна во ресторан. Јас можам, но избирам да бидам патлиџан турист“, вели Србинката Јелена во вирално ТикТок видео.

viralno-video-na-srbinka-jas-sum-zamenik-direktor-i-sum-patlidzhan-turist-so-sebe-nosam-makaroni-domati-pashteta-01.jpg

„Патлиџан турист“ е термин што се користи за луѓето кои кога одат на одмор, односно на плажа, со себе си носат храна.

Очигледно, ова го прават за да заштедат, но кај Балканците доста често „патлиџан туристите“ се исмејувани.

Поради дебатата што се води на оваа тема, жена од Србија стана хит на ТикТок со видео во кое вели дека е „патлиџан турист“, без разлика што може да си дозволи да оди и во ресторан кога е на одмор.

viralno-video-na-srbinka-jas-sum-zamenik-direktor-i-sum-patlidzhan-turist-so-sebe-nosam-makaroni-domati-pashteta-04.jpg

Во видеото на Србинката, која се претставува како Јелена, има инсерти од нејзиниот летен одмор со мајка ѝ, вклучувајќи го и одењето на плажа со храна што си ја понеле од дома.

Јелена истакнува дека првпат отишла на море дури во 20-тите години од животот и иако сега има доволно пари, сепак избира да биде патлиџан турист.

viralno-video-na-srbinka-jas-sum-zamenik-direktor-i-sum-patlidzhan-turist-so-sebe-nosam-makaroni-domati-pashteta-03.jpg

„Јас сум Јелена. Јас сум заменик директорка за финансии и сум патлиџан турист.

Дали знаете дека мојата мајка првпат отиде на море на 50 години? Дали знаете дека сестра ми и јас првпат отидовме на море на 24 години?

И тоа дури откако освоивме патување на наградна игра. Никогаш немавме доволно пари за да одиме на море. Но, само така мислевме.

Многу од вас мислат дека ви се потребни многу пари за да одите на море, дека морате да можете да си дозволите храна во ресторан.

Јас денес можам да си го дозволам ова, но избирам да бидат таканаречен патлиџан турист, да патувам во мај, со себе да понесам макарони, домати, паштета, да варам кафе и сето тоа со насмевка на лицето“, вели Јелена во видеото.

viralno-video-na-srbinka-jas-sum-zamenik-direktor-i-sum-patlidzhan-turist-so-sebe-nosam-makaroni-domati-pashteta-02.jpg

Во описот, таа истакнува дека најважно ѝ е да ја направи мајка ѝ среќна.

„Избирам да ја усреќам мајка ми, избирам да патувам што повеќе и од секаде да собирам спомени и искуства кои не се мерат со пари“.

Во коментари, Јелена добива огромна поддршка од корисниците:

„Браво“.

„И, во тоа нема ништо лошо!“

„И јас сум горд патлиџан турист“.

Погледнете го видеото на Јелена:

@tribrodjanka

Biram da usrećim mamu, biram da putujem što više i da svuda skupljam uspomene i iskustva koji se ne mogu meriti novcem :) #paradajzturista

♬ original sound - tribrodjanka

Дали вие носите храна со себе кога носите на одмор или повеќе сакате да јадете во ресторани?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јелена Ѓоковиќ во кул комбинација и накит од 4.000 евра издоминира во Скопје: Се дружеше со Македонц... Јелена Ѓоковиќ во Скопје беше облечена во циклама панталони со висок струк и кош...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Ведрана Рудан објави дека боледува од рак: „Животот е убав и кога смртта ќе ти тропне на врата“ „Денес престанувам да пишувам на блогот, затоа што ќе се посветам на лекувањето ...
Огњен Амиџиќ објави прва фотка од новородениот син: „Има коса како прваче“ Сакал на синот да му даде име што ќе биде единствено, па затоа се одлучил за име...
Првата жена пилот во Turkish Airlines: „Мајка ми ми велеше дека ова не е женска професија“ „Бев многу мала кога ѝ кажав на мајка ми дека сакам да бидам пилот, а таа ми одг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg