Трипати се мажела, на сопругот му признала дека е вљубена во друг - Бурниот љубовен живот на актерката Светлана Бојковиќ

Додека ја снимала „Bolji život“, го изневерила првиот сопруг. Светлана зад себе има три брака, а и покрај многуте животни предизвици, секогаш чекори со крената глава. 

tri-pati-se-mazela-na-soprugot-mu-priznala-deka-e-vljubena-vo-drug-burniot-ljuboven-zivot-na-akterkata-svetlana-bojkovic-01.jpg

Легендарната Светлана Цеца Бојковиќ со децении важи за една од најдобрите актерки во целиот регион.

Нејзиниот живот го обележаа 3 големи љубови во кои се впуштала пркосејќи им на сите друштвени норми.

Засекогаш ќе остане запаметена по улогата во серијата „Bolji život“, но и по многу други улоги на кои им даде единствен печат и ги направи незаборавни.

Светлана е родена во родена 1947 година во Земун. 

Нејзината мајка била домаќинка, а татко ѝ бил офицер и геодет на Воено - географскиот институт во Белград.

tri-pati-se-mazela-na-soprugot-mu-priznala-deka-e-vljubena-vo-drug-burniot-ljuboven-zivot-na-akterkata-svetlana-bojkovic-07.jpg

Во едно интервју признала дека родителите биле многу строги кон неа, бидејќи била единка. 

Токму затоа имала желба да стане актерка, за да се ослободи од стегите и правилата кои владееле во нивниот дом.

По завршувањето на Четиринаесеттата гимназија во Белград, запишала и академија каде што дипломирала во 1970 година, а две години подоцна родила ќерка.

Светлана зад себе има три брака. Својот прв сопруг, актерот Милош Жутиќ, го запознала додека тој ја подготвувал за Академијата.

Во едно свое интервју вели дека нивната љубов се случила кога таа била многу млада и незрела за брак, односно кога имала само 21 година, а тој 29.

Плод на нивната љубов е ќерката Катарина Жутиќ, која исто така е актерка.

Актерката имала и проблеми во бременоста.

„Многу сакав да родам дете, но пред тоа имав проблеми со бременоста. Затоа ја прифатив оваа бременост како дар од Бога. Бев многу среќна.

Во оваа бременост имав само позитивни мисли. И породувањето го доживеав како космичко искуство.

Не постои ништо на овој свет што може да се спореди со моментот кога го слушнав првиот плач на мојата Каја“, има изјавено актерката.

tri-pati-se-mazela-na-soprugot-mu-priznala-deka-e-vljubena-vo-drug-burniot-ljuboven-zivot-na-akterkata-svetlana-bojkovic-06.jpg

Во брак со Милош била до својата триесетта година, период во животот кој го смета за исклучително важен за нејзиното созревање.

Конечен крај на нивната љубов дошол кога Светлана се заљубила во друг маж, режисерот Љубомир Муци Драшкиќ, и тоа за време на снимањето на серијата „Bolji život“.

Дека е вљубен во друг маж, искрено и отворено му признала на Милош.

„Моите бракови се преклопија во 80-тите. Со Муци влегов во заедница пред да се разведам со Милош.

Нашата љубов беше посилна од сите законски норми, а официјално се венчавме дури во 1990 година, поради тоа што и тој излезе од првиот брак на ист начин како што јас излегов од мојот“, има изјавено актерката.

Милош починал во 1993 година, а Муци во 2004 година откако по запушување на крвните садови доживеал срцев удар.

Третата љубов ѝ донела мир.

Сегашниот сопруг, поранешниот дипломат Славко Крулјевиќ, го запознала преку заеднички пријатели.

Својата љубов ја крунисаа со брак во 2011 година.

tri-pati-se-mazela-na-soprugot-mu-priznala-deka-e-vljubena-vo-drug-burniot-ljuboven-zivot-na-akterkata-svetlana-bojkovic-03_copy.jpg

Во животот секогаш чекорела со крената глава, дури и кога ѝ било најтешко. 

Никогаш не се откажувала, а признава дека поминала и низ депресија.

„Како што стареам, ништо не може толку да влијае врз мене за да ја изгубам присебноста, или во голема мера да ме повреди, но има уште една работа -  депресијата, против која човек мора и треба да се бори.

Некои работи сепак можат да ме вовлечат во депресија, а потоа морам да најдам сопствени механизми да се одбранам и да се спасам.

И успевам, пред сѐ затоа што сум свесна кога се случува таква ситуација“, вели Светлана.

tri-pati-se-mazela-na-soprugot-mu-priznala-deka-e-vljubena-vo-drug-burniot-ljuboven-zivot-na-akterkata-svetlana-bojkovic-11_copy.jpg

С. Ш. | Црнобело / фото: Фејсбук

Би можело да ве интересира:

Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...
Софија Мило за првиот син на сопругот Лука Јовиќ: „Јас сум му маќеа – не му се дерам, тоа не е моја ... „Јас сум му како маќеа. Нас Давид многу ни е важен и важно ни е да е среќен кога...
Била мажена кога се запознале, 42 години имаа среќен брак - Љубовната приказна на Габи Новак и Арсен... „Таа имаше живот пред мене, а имав и јас. Но, еден ден сфатив дека ми е предодре...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...
Првиот сопруг бил во затвор во Германија, со вториот - спиеле во одделни соби: Кои се бившите сопруз... „Тој период го паметам како најмачниот. Ми беше многу тешко, па утеха наоѓав во ...
Основачот на EXIT емотивен за годишнината од смртта на сопругата, со која доби 3 деца: „Постојано е ... „Кога ме прашуваат како сум, кажувам дека со три мали деца, немам друга опција о...

Најчитани неделава