Убава и успешна: Како изгледа денес и што прави најстарата ќерка на Горан Бреговиќ?

Свири клавир, но никогаш не помислила да ги следи стапките на татко ѝ туку има постигнато многу како уметник.

ubava-i-uspeshna-kjerkata-na-goran-bregovikj-so-svojot-tlent-go-osvojuva-svetot-01.jpg

Фронтменот на групата „Bijelo dugme“ од 1993 година е во брак со неговата сопруга Џенана, со која има три ќерки: Ема, Лулу и Уна.

Иако се ќерки на една од најголемите регионални ѕвезди, за нивниот приватен живот многу малку се знае.

Интересно е тоа што сите три се со различна вероисповед, кои сами ја избрале.

ubava-i-uspeshna-kjerkata-na-goran-bregovikj-so-svojot-tlent-go-osvojuva-svetot-06_copy.jpg

Од родителите ги наследиле само добрите страни - од мама убавината, а од тато талентот за уметност.

Најстарата, Ема, завршила музичко и балетско училиште, а магистрирала уметност во Париз.

Средната ќерка, Уна, се определила за глума, додека најмалата, Лулу се интересира за мода и дизајн, но се занимава со изработување, односно уметничко исцртување на нокти.

Ема живее на 2 адреси

Родена е и живее во Париз и тој град е за неа подеднакво важен како и Белград.

„Живеењето на две адреси за мене е неопходна стимулација. Кога останувам предолго на едно место мозокот ми се забавува и потешко наоѓам инспирација.

Чувствувам голема слобода кога не пуштам корени никаде, како слободен атом“, изјави Ема во интервју за Hello.

ubava-i-uspeshna-kjerkata-na-goran-bregovikj-so-svojot-tlent-go-osvojuva-svetot-09.jpg

Свири клавир, но никогаш не помислила да заплива во музичките води.

ubava-i-uspeshna-kjerkata-na-goran-bregovikj-so-svojot-tlent-go-osvojuva-svetot-02.jpg

Управувајќи со машина, за малку ќе ја изгубела раката

Бидејќи се интересира и за старите занаети, еден период посетувала работилница за бравари.

Иако одлично се снаоѓала со алатите, сепак, во еден момент дошло до непријатна ситуација.

„Додека студирав на Факултетот за ликовни уметности, имав многу драматична несреќа кога машината ми го повлече ракавот. За малку ќе ја изгубев раката.

Денес не работам сама, опкружена сум со професионалци. Имам уште многу да научам и засега гледам во машината оддалеку“, признава Ема.

ubava-i-uspeshna-kjerkata-na-goran-bregovikj-so-svojot-tlent-go-osvojuva-svetot-05.jpg

Досега има постигнато големи успеси во областа на уметноста, а имала и неколку самостојни изложби во Белград и Париз.

ubava-i-uspeshna-kjerkata-na-goran-bregovikj-so-svojot-tlent-go-osvojuva-svetot-12.jpg

Повеќе нејзини фотографии погледнете на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Елена Китиќ никогаш позгодна - ја „уловија“ со дечкото на аеродром, откако беше на одмор со татко ѝ ... Елена, ретко споделува фотки на Инстаграм, но со нејзината последна објава, таа ...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...
Марија Шерифовиќ ужива на Бали со синот – мајка ѝ Верица го донесе сама со авион, таа не сака да се ... Марија подолг период уживаше сама на Бали, а пред неколку дена откри дека мајка ...

Најчитани неделава