Сопругата на Петар Грашо се сликаше во 8-иот месец од бременоста, па ги збуни сите: „Носиш близнаци?“

„Дали Хана носи близнаци?“ - ова е прашањето што многумина си го поставија откако беше објавена првата фотка од сопругата на Петар Грашо со трудничкиот стомак во втората бременост. Таа пред два дена беше на Корчула и го придружуваше сопругот кој пееше во чест на неговиот ментор.

soprugata-na-petar-grasho-se-slikashe-vo-8-iot-mesec-od-bremenosta-pa-gi-zbuni-site-nosish-bliznaci-01_copy.jpg

Хрватскиот пејач Петар Грашо во април годинава од Скопје откри дека неговата сопруга Хана е бремена по вторпат, а најверојатно малата Алба ќе добие братче.

Иако Петар е еден од најпознатите хрватски музичари во регионот, тој важи за личност која ретко споделува детали од приватниот живот, а доказ за тоа е и тоа што досега речиси и да не сме имале можност да видиме негови семејни фотки.

soprugata-na-petar-grasho-se-slikashe-vo-8-iot-mesec-od-bremenosta-pa-gi-zbuni-site-nosish-bliznaci-02.jpg

Прочитајте и Петар Грашо го откри полот на бебето што го очекува – Дали пак ќе му го даде името што го планирал со Данијела?

Исто така, неговата сопруга Хана се труди приватниот живот да го чува подалеку од јавноста, иако и самата е пејачка и потекнува од едно од најпознатите музички семејства во Хрватска.

За потсетување, нејзиниот татко Тончи Хуљиќ е најпознат со неговата група „Магазин“, а напишал голем број познати хитови.

Петар во текот на изминатите денови беше во Вела Лука, каде што настапи на концертот организиран во чест на Оливер Драгојевиќ, кој воедно му е еден од првите ментори и човекот што му помогнал да ја изгради музичката кариера.

Неговата сопруга, Хана, пак, исто така беше таму, но додека нејзиниот сопруг се подготвуваше за настапот, таа беше во друштво на нејзините најдобри другарки.

soprugata-na-petar-grasho-se-slikashe-vo-8-iot-mesec-od-bremenosta-pa-gi-zbuni-site-nosish-bliznaci-03.jpg

Другарките, се чини го прекршија правилото на Хана за чување на приватноста, па објавија фотка на која за првпат можеме да ја видиме ќерката на Тончи Хуљиќ со труднички стомак во втората бременост.

Но, она што збуни многумина е тоа што на фотографијата, нејзината најдобра другарка и кума Доменика Жувела, напиша: „Ние 5“.

soprugata-na-petar-grasho-se-slikashe-vo-8-iot-mesec-od-bremenosta-pa-gi-zbuni-site-nosish-bliznaci-04.jpg

Иако на прв поглед, може да се помисли дека Доменика алудира на тоа дека Хана носи близнаци, станува јасно дека многумина направиле превид и не помислиле дека на фотката е и кучето на Доменика, Зара.

Инаку, познато е дека Хана е многу блиска другарка со пејачката Доменика и со колумнистката Андреа Андраси.

Доменика објави повеќе фотки на кои ја означи Хана, но на нив може да се види дека тие си поминале убаво и уживале на плажа со палачинки и кафе, иако немаше други фотки од сопругата на Грашо.

soprugata-na-petar-grasho-se-slikashe-vo-8-iot-mesec-od-bremenosta-pa-gi-zbuni-site-nosish-bliznaci-06.jpg

Хана во моментов е во осмиот месец од бременоста, а неодамна откри дека веќе имаат избрано име за синот, но не сакаше да го открие.

За првата ќерка Алба и за бракот со Хана, Петар Грашо зборуваше повеќе и во интервјуто за CRNOBELO.com

Целото интервју со него, можете да го прочитате ТУКА.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сопругата на Амиџиќ: „Огњен може татко да ми биде, ама не ми е – со две деца е турбо, имам 52kg и не... „Мина е 100% природна, нема ни филери ни пластика, ни на усните“ - ја одбрани Ог...
Сопруга на српски фудбалер купи бебешка количка за ќерка ѝ од 3.200 евра - мислењата поделени Фудбалскиот голман Предраг Рајковиќ заработува одлично, па неговата сопруга Ана ...
Сопругата на Тарик Филиповиќ (53) прослави роденден во Виена - тој ја снима, таа блеска (видео) Вљубениот пар славеше во отмен ресторан во Виена, Лејла изгледа децении помладо,...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Сопругата на Никола Роквиќ: „Отидовме сами на Бали на 5 дена – не можев подолго без децата“ „Прв пат без децата на одмор, по речиси 10 години... Од планираните 7 ноќи, скра...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...

Најчитани неделава