Беше „фатен на дело“ со љубовницата, ја убедил сопругата дека му е соработничка – Бурниот љубовен живот на Џенан Лончаревиќ

Наводно, Џенан бил тој што ги поднел документите за развод, а најголемиот скандал одекна, кога неговата поранешна сопруга даде изјава за медиумите во која рече дека музичарот ја брка од семејната куќа и дека ѝ купил стан на љубовницата во Белград.

„Најголемиот проблем е имотот. Доживеав по 25 години брак да сака да ме исфрли од домот.

Јас веднаш би го потпишала барањето за развод, веднаш…

Но, проблем е имотот, затоа што тој сè што купуваше, ставаше на име на мајка му.

Сега купи стан во Белград, на име на љубовницата, за да не можам ништо да добијам. Во тоа е проблемот“ – велеше неговата сопруга.

go-fatija-so-ljubovnicata-ja-ubedil-soprugata-deka-mu-e-sorabotnichka-burniot-ljuboven-zhivot-na-djenan-loncharevikj-06_resize.jpgСопругата Самира Лончаревиќ

Инаку, Самира откри дека живеела во куќата којашто се води на име на мајка му и на брат му на Џенан, а музичарот доаѓал на 15-тина дена да си ги види децата.

„Кога ќе дојде во Пријеполе, тој престојува во истата куќа во која сум и јас, но ние не комуницираме. Нашиот однос е нарушен.

Нашите адвокати се слушаат. Ние не разговараме од минатото лето, а во февруари ми стигна тужба за развод“ – откри Самира во април, годинава.

go-fatija-so-ljubovnicata-ja-ubedil-soprugata-deka-mu-e-sorabotnichka-burniot-ljuboven-zhivot-na-djenan-loncharevikj-09.jpg

По веста за разводот, повеќе српски медиуми објавија дека односот меѓу Џенан и Самира е нарушен повеќе од 15 години и дека тој во целиот тој период живеел со љубовницата во стан во Белград.

Наводно, уште кога излегле првите папарацо снимки на кои се гледа дека Џенан спие во станот на извесна Милица во Белград, тој успеал да ја убеди дека таа му е соработничка, а Самира му верувала.

„Самира живееше живот што јас никогаш не можев да го сфатам. Таа ја чуваше мајка му, децата, а тој пееше, доаѓаше кога сака, правеше што сака.

Пред неколку години го фатија со некоја жена во Белград со која живее веќе 15 години. Тој успеа да ја убеди својата жена дека тоа му е соработничка, а Самира му веруваше“ – велеа извори блиски до парот по вестите за разводот.

go-fatija-so-ljubovnicata-ja-ubedil-soprugata-deka-mu-e-sorabotnichka-burniot-ljuboven-zhivot-na-djenan-loncharevikj-03.jpgПапараци фотка со љубовницата

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Сопруга на српски фудбалер купи бебешка количка за ќерка ѝ од 3.200 евра - мислењата поделени Фудбалскиот голман Предраг Рајковиќ заработува одлично, па неговата сопруга Ана ...
Куќа од 390 квадрати вредна 1,3 милиони евра - Северина купи нов дом во елитна населба во Загреб Хрватската ѕвезда Северина наскоро ќе го напушти пентхаусот во Загреб, каде што ...
Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...

Најчитани неделава