Гласини за врска со Милан Мариќ, добила награда за женска храброст – Факти за ќерката на Драган Бјелогрлиќ, Миа

Завршила политички науки, а денес е новинар, кој на само 26 години доби признание и награда за женска храброст. Често добива пофалби за својата убавина, а се „шушкаше“ дека успеала да го освои и Милан Мариќ – Што знаеме за ќерката на Драган Бјелогрлиќ, Миа?

glasini-za-vrska-so-milan-marikj-dobila-nagrada-za-zhenska-hrabrost-fakti-za-kjerkata-na-dragan-bjelogrlikj-mia-01.jpg

Драган Бјелогрлиќ е еден од најпознатите актери кој зад себе има долга филмска и театарска кариера и речиси и да не постои покрупен филмски проект во кој тој нема вмешано прсти.

Но, на приватен план Драган е сопруг и татко, чиишто деца долго време беа вистинска енигма за јавноста.

Тој и неговата сопруга Маја, веќе долги години се во брак, а нивните две деца веќе се возрасни и изградени личности, за кои многу често се вели дека ја наследиле убавината на мајка им, но харизмата и талентот на татко им.

glasini-za-vrska-so-milan-marikj-dobila-nagrada-za-zhenska-hrabrost-fakti-za-kjerkata-na-dragan-bjelogrlikj-mia-14.jpg

Миа и Алексеј Бјелогрлиќ долго време немаа официјални профили на социјалните мрежи, не споделуваа свои фотографии, и долго време се криеја од јавноста.

glasini-za-vrska-so-milan-marikj-dobila-nagrada-za-zhenska-hrabrost-fakti-za-kjerkata-na-dragan-bjelogrlikj-mia-13.jpg

Алексеј тргна по стапките на татко му и веќе глумел во повеќе српски филмови и театарски претстави, а Миа, првично се чинеше дека има намера да тргне во друг правец и да се обиде да изгради кариера во друга област.

glasini-za-vrska-so-milan-marikj-dobila-nagrada-za-zhenska-hrabrost-fakti-za-kjerkata-na-dragan-bjelogrlikj-mia-12.jpg

Миа (28) дипломира на Факултетот за политички науки на Универзитетот во Белград, каде ги заврши и мастер студиите.

glasini-za-vrska-so-milan-marikj-dobila-nagrada-za-zhenska-hrabrost-fakti-za-kjerkata-na-dragan-bjelogrlikj-mia-05.jpg

Но, со текот на годините таа полека се приближи кон јавниот живот, но и кон филмот.

Денес, Миа е сопственичка на продукциската куќа Bella Ciao Production, таа е авторка на емисијата „Ona se budi“, а работи и како водителка на утринската програма на телевизијата N1.

glasini-za-vrska-so-milan-marikj-dobila-nagrada-za-zhenska-hrabrost-fakti-za-kjerkata-na-dragan-bjelogrlikj-mia-09.jpg

Емисијата „Ona se budi“ е феминистички проект на Миа, која настанала како одговор на недостатокот на јавниот говор на темата за родова рамноправност, а ќерката на познатиот српски актер и режисер јавно застана во одбрана на припадничките на понежниот пол.

За оваа емисија, Миа во 2022-ра година ја доби и Наградата за женска храброст на Avon.

glasini-za-vrska-so-milan-marikj-dobila-nagrada-za-zhenska-hrabrost-fakti-za-kjerkata-na-dragan-bjelogrlikj-mia-04.jpg

Миа ретко зборува за својот приватен живот и за себе. Секогаш се обидува да одржи професионален однос со медиумите и колегите, а вели дека сака да биде објективен, бескромпомисен, храбар и автентичен новинар.

Таа вели дека прашањето што најчесто ѝ го поставуваат е тоа, како се носи со „бремето“ заради тоа што е ќерка на познат татко.

„Толку пати го слушнав тоа прашање, што тоа само по себе ми стана бреме. Наидував на предрасуди и сѐ уште наидувам и тоа целосно го разбирам затоа што луѓето оправдано се фрустрирани со непотизмот и идиократијата.

Од друга страна, пак, не е праведно некого априори да го дикредитирате и да му го одземете правото на успех или можноста да поседува способности, таленти, сопствен карактер и почит.

Знам како ги работев работите во животот, тоа го знаат и луѓето во моето опкружување и тоа е доволно, оптоварувањето со мислењето на останатите би ме направило роб на туѓите предрасуди, а тоа не смеам да го дозволам“ – рече Миа во една пригода.

glasini-za-vrska-so-milan-marikj-dobila-nagrada-za-zhenska-hrabrost-fakti-za-kjerkata-na-dragan-bjelogrlikj-mia-10.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Елена Китиќ никогаш позгодна - ја „уловија“ со дечкото на аеродром, откако беше на одмор со татко ѝ ... Елена, ретко споделува фотки на Инстаграм, но со нејзината последна објава, таа ...
Гените се чудо: Ќерката на Гоца Тржан порасна во вистинска убавица - ужива на јахта со другарките Откако прослави полнолетство, Лена почна поинтензивно да објавува фотографии на ...
Татко ѝ признал дека е геј и ја напуштил на 2 години, ќерка ѝ почина мистериозно - Тешката судбина н... „Кај татко ми отидов заедно со мојот сопруг, 20 години откако ме напушти. Негови...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
Српска водителка: „Мајка ми се омажи за татко ми за 7 дена, јас за саканиот за 1 месец“ „Се омажив за Бранко, кој е воен пилот... По само месец и пол врска решивме да с...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...

Најчитани неделава