Плаќаат по 500 евра за фотка со најзгодниот турски актер со македонски корени - Како Џан Јаман ги освои дамите низ Европа?

Каде и да оди го прогонуваат жени, а некои обожавателки плаќаат и по 500 евра за да го видат одблиску и да се сликаат со него. По раскинувањето со Дилета Леота, тој ги избриша сите профили на социјалните мрежи, а остана да живее во Италија – Што прави Џан Јаман?

najzgodniot-turski-akter-so-makedonski-koreni-najde-lek-za-devojkite-shto-go-progonuvaat-kade-e-i-shto-pravi-djan-jaman-01.jpg

Турскиот актер Џан Јаман (34) на македонската публика ѝ стана најпознат по улогата во турската серија „Романтичарот“, но во последните неколку години тој многу повеќе е сконцентриран на својата интернационална кариера, како и на добротворната работа.

Актерот пред неколку години се отсели од родната Турција и во моментов живее во Италија, а според последните информации, тој има намера да се пресели во Шпанија, каде ќе продолжи да ја гради својата кариера.

najzgodniot-turski-akter-so-makedonski-koreni-najde-lek-za-devojkite-shto-go-progonuvaat-kade-e-i-shto-pravi-djan-jaman-02.jpg

Џан Јаман, во моментов е актуелен заради улогата на пиратот Сандокан во истоимената серија, а во слободно време е сконцентриран на хуманитарната работа и на неговата организација „Can Yaman for Children“.

Познато е дека турскиот заводник има македонски корени и дека неговите баба и дедо по мајка се со потекло од Македонија и Косово и емигрирале во Турција.

Инаку, тој пред неколку години привлекуваше внимание со врската со најпознатата италијанска спортска новинарка Дилета Леота, но по раскинувањето се чини дека целосно се повлече од јавноста и ги избриша сите профили на социјалните мрежи.

najzgodniot-turski-akter-so-makedonski-koreni-najde-lek-za-devojkite-shto-go-progonuvaat-kade-e-i-shto-pravi-djan-jaman-03.jpg

Сепак, турскиот актер има голем број обожаватели кои се трудат редовно да ги објавуваат неговите најнови фотки и да бидат во чекор со случувањата во неговиот живот.

Засега во италијанските и турските медиуми постојано се шират гласини за тоа која е неговата нова девојка, но Џан не сака да зборува јавно.

Летово тој беше фотографиран на Миконос, како ужива со една мистериозна девојка, но засега не се знае која е таа.

Често на социјалните мрежи во изминатите години се појавуваа видеа на кои се гледа дека додека е излезен го прогонуваат голем број девојки и обожавателки, кои сакаат да се фотографираат со него.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
Српски актер (51) за скандалозната врска со 23 години помладата девојка: „За мене најважно беше син ... „Јас веќе не барам одобрување... За мене најважно беше мојот син да ја прифати“,...
Србинка пронајде љубов на 80 години: „Во брак сме 2 години, се запознавме на Фејсбук, помлад е 13 го... Дека љубовта не познава возраст, докажува Оливера (83) која во деветтата децениј...
Теа Таировиќ се омажи за возачот - познати Србинки кои ги заведоа своите вработени Љубовта не бира ни време ни место, ниту пак професионален ангажман, а неколкупоз...
Наташа Беквалац (46) стана вирален хит со изјавата за љубовниот живот: „Состојбата е тага, горчина и... „Јас имам 46 години и тоа што порано го можев за 3 дена, сега не го можам за 3 н...

Најчитани неделава