„Ме повлече во грмушка и почна да ме дави“: Пејачката од „Фрајле“ со потресна исповед за најголемата животна траума

„Рацете на насилникот се најдоа на мојот врат, почна да ме дави. Но му се спротивставував. Во тој момент пред очи ми помина целиот мој живот и се сетив дека дента ми е роденден“ - Јелена Буча од „Фрајле“ првпат раскажа за најголемата животна траума која ја следи и денес.

me-povleche-vo-grmushka-i-pochna-da-me-davi-pejachkata-od-frajle-so-potresna-ispoved-za-najgolemata-zhivotna-trauma-01.jpg

Јелена Буча, една од трите пејачки на новосадскиот бенд „Фрајле“ е секогаш насмеана и расположена на концертите и во јавноста.

Но, таа сега откри дека зад нејзината насмевка се крие огромна траума која едвај ја надминала. На својот 20-ти роденден, Јелена била нападната од непознат маж кој пробал да ја задави.

Таа, за среќа, успеала да викне на цел глас и да побара помош, па се спасила неповредена.

me-povleche-vo-grmushka-i-pochna-da-me-davi-pejachkata-od-frajle-so-potresna-ispoved-za-najgolemata-zhivotna-trauma-02.jpg

Јелена, која денес има 43 години, првпат јавно зборуваше за најтрауматското искуство во нејзиниот живот и ја изненади јавноста со признанието.

Нејзината исповед е прикажана во документарниот филм „Уметноста на исповедувањето“ на режисерката Александра Своња, а во кој Јелена детално го опишува секој момент од настанот.

„Беше ноќ и одев по улица, кога случаен минувач ме зграби за раката и ме одвлечка во грмушки.

Тука почна борбата за живот. Рацете на насилникот се најдоа на мојот врат, почна да ме дави. Но, имаше проблем, бидејќи му се спротивставував.

Во тој момент можете да го загубите животот за неколку минути. Мене пред очи ми помина целиот мој живот, се сетив дека ми е роденден.

И мислам дека мојот глас ме спаси, кога вреснав  силно, а друг случаен минувач слушна и ми помогна, ме спаси“, раскажа Јелена во телевизиско интервју.

me-povleche-vo-grmushka-i-pochna-da-me-davi-pejachkata-od-frajle-so-potresna-ispoved-za-najgolemata-zhivotna-trauma-03.jpg

Таа кажа дека и денес ѝ е многу тешко да зборува за ова, иако се поминати преку две децении.

Траумата ѝ била толку голема и страшна, што на својата мајка ѝ раскажала што се случило, дури пред еден месец, во август 2024.

Нејзината исповед ја изненади јавноста, бидејќи Јелена е секогаш ведра и насмеана, но сега откри дека во себе долго време носела длабока траума.

me-povleche-vo-grmushka-i-pochna-da-me-davi-pejachkata-od-frajle-so-potresna-ispoved-za-najgolemata-zhivotna-trauma-04.jpg

Таа вели и дека ѝ било многу тешко да се опорави, бидејќи криела дури и од сестра ѝ Невена (која исто така пее и свири во Фрајле“), па ја користела музиката како терапија.

Филмот „Уметноста на исповедувањето“ неодамна добил награда за најдобар психолошки филм на фестивалот Holywood Best Film Awards.

Во филмот Јелена им порачува на жртвите на физичко и сексуално насилство да зборуваат за своите трауми и да си даваат поддршка едни на други.

Погледнете го видеото од емотивната исповед на Јелена:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јелена Ѓоковиќ: „Се чувствував невидлива, бев анксиозна - зошто е тешко да се биде сопруга на Новак ... „Бев анксиозна, тоа ме уништи. Ја уништи мојата слика за самата себе. Некогаш ме...
Јелена Карлеуша по долго време заедно со татко ѝ, кој ја напуштил додека била мала - Во каков однос ... Драган, таткото на Карлеуша има уште две деца, а Јелена нив никогаш не ги спомну...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Јелена Карлеуша за мигрените: „Би сакала барем еден ден во животот да не ме боли глава“ „Без лекови против болка не можам. Имам постојани мигрени и болката е нешто со к...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
Јелена Карлеуша (46) се огласи по потсмевот кон неа од бившиот Душко Тошиќ (40): „Не е секој за семе... „Неговата објава ми ја покажаа ќерките. Тоа покажува колку беше грдо и непромисл...

Најчитани неделава