Милан Калиниќ се разведува од сопругата – крај на љубовта на еден од најскладните српски парови

Наводно се иселил од семејниот стан кој неодамна го реновираа, а не сака да коментира ништо на оваа тема – српските медиуми пишуваат дека се распадна еден од најскладните бракови на српската естрада.

milan-kalinikj-se-razveduva-od-soprugata-po-18-godini-skladen-brak-01.jpg

Српските медиуми се преплавени со веста дека актерот Милан Калиниќ се разведува од својата сопруга Сандра, според блиски извори.

Наводно, тие дознаваат дека тој се иселил од семејниот дом кој неодамна го реновирале. 

Засега актерот се нема огласено на темата и за причините за разводот, а на молбата од новинарите да даде коментар за гласините, тој накратко кажал:

„Немам коментар, немам никаков коментар на таа тема“.

Инаку, Милан и Сандра беа во брак 18 години, од 2006 година, а имаат две деца, ќерката Теа и синот Вук.

Тие важеа за еден од најскладните парови на јавната сцена, иако во еден момент нивната љубов беше ставена на тест кога се раширија информации дека Сандра го изневерила.

Додека таа ги полнеше насловните страници, а многумина веруваа дека нема да ја надминат оваа криза, тие излегоа посилни од сè.

„Глупаво ми е да мислам на тоа и да коментирам. Тоа се будалаштини. Луѓето се љубоморни на нашиот брак и пишуваат глупости.

Поголема глупост во животот не сум прочитал“ – изјавил тој своевремено за медиумите и ја потврдил верноста во саканата.

Актерот има кажано дека во речиси две децении љубов поминале низ многу тешки животни ситуации и бракот им бил ставен на тест повеќепати, а сега изгледа не успеале да го поминат тестот.

Прочитајте и Наводно го изневерувала, медиумите ги разведуваа, но останаа заедно 2 децении – Љубовната приказна на Милан и Сандра Калиниќ

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Милан Калиниќ на ќерката убавица ѝ прослави 18-ти роденден, со бившата сопруга: „Горд сум на потенци... „Ти си мојата најголема радост, гордост и најубава животна приказна“, емотивно н...
Саша Ковачевиќ објави официјални фотки од свадбата, парот очекува син: „Покрај тебе сè доби смисла“ „06.06.2026 Покрај тебе сè доби смисла, а овој ден е само круна на нашата љ...
Милан Мариќ повторно во геј сцена, овој пат со Андрија Милошевиќ: „Најсмешен е на снимање“ „Бевме малку нервозни, но за нас интимните сцени не се табу“ – рече своевремено ...
Наташа Беквалац (46) стана вирален хит со изјавата за љубовниот живот: „Состојбата е тага, горчина и... „Јас имам 46 години и тоа што порано го можев за 3 дена, сега не го можам за 3 н...
Српски актер (51) за скандалозната врска со 23 години помладата девојка: „За мене најважно беше син ... „Јас веќе не барам одобрување... За мене најважно беше мојот син да ја прифати“,...
Милан Калиниќ: „Разводот е тешка работа, но сум против бришење на целиот живот - зошто да ги бришам ... „Отсекогаш сум имал негативен став кон луѓето кои, кога ќе прекинат нешто, го бр...

Најчитани неделава