Петар Грашо и Хана добија син, му го дадоа името што го планирал со Данијела

Хрватскиот пејач Петар Грашо и неговата сопруга Хана Хуљиќ го добија второто дете. Нивната ќеркичка Алба доби братче кому му го дадоа името Тони.

petar-grasho-i-hana-dobija-sin-mu-go-dadoa-imeto-shto-go-planiral-so-danijela-01.jpg

Како што пишуваат хрватските медиуми Хана се породила утрово (31.10) со царски рез, а породувањето поминало во најдобар ред.

Името на детето му го дале според покојниот дедо на Петар, но и според таткото на Хана, Тончи Хуљиќ.

petar-grasho-i-hana-dobija-sin-mu-go-dadoa-imeto-shto-go-planiral-so-danijela-02.jpg

За потсетување, Петар и Хана ја добија ќеркичката Алба во 2022-ра година, а Петар во гостување во Скопје откри дека неговата сопруга е бремена по вторпат.

Инаку, Петар повторно на детето му го даде името што го планирал со претходната партнерка Данијела Мартиновиќ.

petar-grasho-i-hana-dobija-sin-mu-go-dadoa-imeto-shto-go-planiral-so-danijela-03.jpg

За потестување, Данијела даде изјава за медиумите во 2014-та година, кога рече дека најголема желба ѝ е да стане мајка, а таму ги откри и имињата што ги планираат за децата.

„Навистина се надеваме дека многу брзо ќе се израдуваме. Синот ќе биде Тони, тоа се знае, според покојниот дедо на Петар, а за девојчињата имаме две имиња Алба и Луце“.

Петар и Хана на ќерката ѝ го дадоа името Алба, а на синот Тони - исто како што планирал во минатото со Данијела.

petar-grasho-i-hana-dobija-sin-mu-go-dadoa-imeto-shto-go-planiral-so-danijela-04.jpg

Прочитајте и Помалку познати факти за Петар Грашо – има луксузен комплекс со апартмани, Оливер Драгојевиќ го оттргнал од спортска кариера

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Сопруга на српски фудбалер купи бебешка количка за ќерка ѝ од 3.200 евра - мислењата поделени Фудбалскиот голман Предраг Рајковиќ заработува одлично, па неговата сопруга Ана ...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...
Петар Грашо за ќеркичката: „Здравко Чолиќ ни беше на гости и запеа, а таа му рече – доста пееш, глед... „Здравко беше кај нас пред неколку месеци, тоа беше многу слатка ситуација. Се д...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...
„Мораше“ - Сопругата го брани Дарко Лазиќ, кој повторно пее 2 седмици по смртта на брат му и стана м... „Прочитав коментари како ‘срам да ти е, не поминале ни 40 дена, а веќе пееш’. Са...

Најчитани неделава