„Една бабичка сѐ уште ја чека внуката на станицата“ – Најпотресните објави по трагедијата во Нови Сад

„Една бабичка сѐ уште ја чека внуката на станицата. Еден татко цел ден е во ургентниот центар, не знае кај му е синот...“ Вака започнува потресната објава на босанскиот актер и водител Драган Маринковиќ Маца посветена на настраданите во трагедијата што го погоди Нови Сад.

edna-babichka-s-ushte-ja-cheka-vnukata-na-stanica-najpotresnite-objavi-po-tragedijata-vo-novi-sad-01.jpg

Во Нови Сад денес (04.11) е трет ден на жалост, откако во петокот (01.11) градот беше погоден од трагедија, кога се сруши бетонска натстрешница на железничката станица, при што настрадаа 14 лица, а 3 лица беа тешко повредени.

Додека трае истрагата за тоа кој е виновен заради трагедијата, социјалните мрежи и српските медиуми се исполнети со емотивни исповеди за семејствата на настраданите, но и за оние коишто сочувствуваат со семејствата.

Така босанскиот актер и водител Драган Маринковиќ Маца на Инстаграм објави фотографија од запалените свеќи во Нови Сад и до неа напиша:

„Една баба сѐ уште ја чека внуката на станицата.

Еден татко цел ден е во ургентниот центар, не знае кај му е синот...

Едно девојче од 14 години веќе нема рака, едно момче од 18 години веќе нема нога и така до 30...

Еден дедо со своите внучиња тргна на слава, а сега тројцата лежат мртви во мртовечница. Со нив и 6-годишно девојче коешто мајка му го оставила само на клупата за да купи билети. И така до 14.

Немојте ве молам за неколку дена да го заборавите засекогаш Нови Сад... Знам дека ќе го заборавите“.

Сопругот на една 35-годишна жена од Кач, која настрада во несреќата за српските медиуми, ја раскажа својата потресна приказна.

Никола Ќириќ, е сопругот на Сања Абутина Ќириќ, која настрадала додека го чекала превозот под натстрешницата во железничката станица.

„Сања отиде до цветниот пазар во Нови Сад за да купи цвеќе, ја барав трипати на телефон, не ми се јавуваше.

Мислев дека не го слуша телефонот и дека ќе ми се јави кога ќе го слушне телефонот.

Си дојдов дома по првата смена и ги видов вестите за паднатата натстрешница. Почнав да размислувам зошто Сања не ми се јавува...

Тогаш од непознати причини почнaв да се нервирам, загрижен бев, нешто ми вриеше во стомакот... Чувствував дека не е добро...“  - раскажува тој.

edna-babichka-s-ushte-ja-cheka-vnukata-na-stanica-najpotresnite-objavi-po-tragedijata-vo-novi-sad-02.jpg

Набрзо потоа добил повик од полиција, а ниту сам не се сеќава како стигнал до Нови Сад.

По неколкучасовно чекање во Клиничкиот центар му рекле дека неговата сопруга веќе ја нема.

„Знаев дека ја изгубив Сања, мојата љубов. Целиот мој свет. Таа мене ми беше сѐ на светот“ – вели тој и раскажува како неговата сопруга ретко стоела под натстрешницата затоа што сакала да биде прва во автобусот и да седне, но тој ден, во 12 часот како судбината да ја натерала да биде токму таму.

edna-babichka-s-ushte-ja-cheka-vnukata-na-stanica-najpotresnite-objavi-po-tragedijata-vo-novi-sad-03.jpg

„Ѝ го спакував капутот што многу го сакаше, ѝ ги подготвив чевлите, но ми велат дека не можат да ѝ ги облечат затоа што ѝ се скршени зглобовите“ – вели неутешниот сопруг.

edna-babichka-s-ushte-ja-cheka-vnukata-na-stanica-najpotresnite-objavi-po-tragedijata-vo-novi-sad-05.jpg

Управникот на Ургентниот центар во Нови Сад, д-р. Драган Николиќ, пак, за српските медиуми даваше изјава за тоа каква е состојбата на повредените пациенти кои сѐ уште се борат за животот и ја раскажа приказната за таткото кој не сака да се одвои од својата повредена ќерка.

„Родителите на една од пациентките не сакаат да излезат од Ургентниот центар.

Медицинската сестра ми се јави да ми каже дека таткото на една од пациентките не се одвојува од неа 24 часа, па јас прашав дали му дале нешто, а таа ми вели дека одбива да јаде“ - раскажа тој.

edna-babichka-s-ushte-ja-cheka-vnukata-na-stanica-najpotresnite-objavi-po-tragedijata-vo-novi-sad-04.jpg

Инаку, посочи дека во болницата има голем број лекари кои деноноќно работат за да ги спасат животите на трите повредени лица, кај кои се забележани повреди какви што не биле видени уште во времето на војните.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Роди 3 деца, изгледа како од модна писта – Сања Кужет (42) ужива во одморот без грам шминка, пред да... „Најдебела бев во бременoст, се здебелив 18kg, ама за 6 месеци се вратив во лини...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Ќерката на Гоца Тржан порасна – позира разголена со новиот дечко фудбалер, тој ја бакнува кај мајка ... Гоца Тржан откри дека ја носела ќерката со себе на свои настапи уште кога била б...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...
Сними жешки сцени со Жарко Лаушевиќ, денес е „кралица на сапуниците“ - Се сеќавате ли на Ксенија Пај... Пред сапуницата „Вила Марија“, Ксенија го сними филмот „Офицерот со ружа“ со Жар...
Се сврши Кија Коцкар - прстен од 10.500€, го крие партнерот „Сакам цвеќе и букети, па сега на раката имам цвет кој ќе трае малку подолго“, р...

Најчитани неделава