Милена Радуловиќ: „Ако имав ќерка ќе ѝ кажев - Ако момче те тепа или допира, тоа не е затоа што му се допаѓаш“

Милена Радуловиќ, која го обвини за силување својот професор по глума Мирослав Мика Алексиќ, даде моќен совет, кој секоја мајка треба да ѝ го каже на ќерка си. „Постави граници...“

milena-radulovikj-ako-imav-kjerka-kje-i-kazhev-ako-momche-te-tepa-ili-dopira-toa-ne-e-zatoa-shto-mu-se-dopagjash-01.jpg

Милена Радуловиќ гостуваше во поткастот на Бранкица Раковиќ и покрај на многу други теми, проговори и на темата како девојчињата треба да се научат на поставување на лични граници.

milena-radulovikj-ako-imav-kjerka-kje-i-kazhev-ako-momche-te-tepa-ili-dopira-toa-ne-e-zatoa-shto-mu-se-dopagjash-03.jpg

Таа говори на оваа тема токму поради немилото искуство во својот живот и судењето во кое го обвини својот професор по глума Мирослав Мика Алексиќ дека ја силувал додека таа сѐ уште била малолетна.

Нејзината порака за поставување на граници е нешто што секоја мајка треба да ѝ го каже на својата ќерка.

milena-radulovikj-ako-imav-kjerka-kje-i-kazhev-ako-momche-te-tepa-ili-dopira-toa-ne-e-zatoa-shto-mu-se-dopagjash-02.jpg

На прашањето од Бранкица Раковиќ: „Сега да имаш ќерка, што би сакала таа да знае?“

Милена Радуловиќ вели дека, ако би имала ќерка, би ѝ кажала:

„Ако момче во училиште те тепа, тоа не е затоа што му се допаѓаш.

И ако си седмо или осмо одделение и машките те „фаќаат“, исто и тоа не може – не е точно дека им се допаѓаш.

Тоа се две ситуации кои ги имаме во основните училишта.

Тоа е прво нешто кое се нарекува – граница на моето тело.

Не можеш да ме кубеш, не можеш да ме допираш затоа што мојата граница е таму кадешто јас ќе ја поставам“.

Моќната порака на Милена погледнете ја ТУКА!

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

По судењата против професорот кој ја силувал, Милена Радуловиќ во Шпанија – ја освои публиката, ужив... Глуми девојка со лузна, чија единствена цел е одмазда. Во слободно време ужива н...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Мајка ѝ на Северина само еднаш се огласи за Милан Поповиќ: „Користи КГБ методи кон ќерка ми – ме бол... „Од каде му е правото 10 години непристојно да го валка името на мојата ќерка, м...
Гоца Тржан со емотивна роденденска објава за ќерка ѝ: „До крајот на животот ќе ѝ бидам поддршка“ „Велат дека кога ќе родиш ќерка, добиваш најдобра другарка за цел живот“. Со ови...
Убава и успешна: Како изгледа денес и што прави најстарата ќерка на Горан Бреговиќ? Свири клавир, но никогаш не помислила да ги следи стапките на татко ѝ туку има п...
Бејби бум: 6 познати жени кај нас и во регионот кои ќе станат мајки во 2024 Сања Кужет, Тамара Чуприна, Хана Хуљиќ ќе станат мајки до крајот на оваа година....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg