Бившиот на Цеца горд на бремената сопруга – Како изгледаше Јована Љубисављевиќ на почетокот на кариерата?
- Детали
- среда, 06 ноември 2024
Откако раскина со Цеца, Богдан Срејовиќ ја најде среќата со друга 14 години помлада девојка со која очекува син. Која е Јована Љубисављевиќ која стапи во брак со него и како изгледаше таа на почетокот на кариерата?
Бившиот дечко на Цеца, угостителот Бобан Срејовиќ (42) на Инстаграм Стори сподели фотографија од бремената сопруга Јована Љубисављевиќ (28), која позира во краток фустан, додека во прв план е нејзиниот труднички стомак и долгите нозе.
„Мојата жена“ – напиша накратко Богдан до фотографијата и стави емотикон црвено срце.
Богдан објави дека неговата девојка Јована е бремена во август годинава, по што објавија и видео од забавата направена за откривање на полот на бебето.
https://www.instagram.com/p/C-kjOEaskEq/
Во септември направија свадба во еден белградски локал.
На веселбата присуствуваа голем број гости, меѓу кои и ќеркичката на Богдан од претходната врска, Искра.
Тој претходно беше во врска со фолк дивата Цеца, која траеше една година, а потоа се разделија во февруари 2022-ра година.
Во 2023-та година тој ги објави првите фотки како ужива на одмор со Јована, по што се дозна дека тие двајца се во врска.
Инаку, Јована во 2017-та година беше избрана за Мис Србија, кога изгледаше сосема поинаку.
Најголема популарност стекна додека беше учесничка во реалното шоу „Задруга“ каде ја започна врската со скандалозниот Стефан Кариќ.
Нивната врска не траеше долго и парот се раздели набрзо по завршувањето на реалното шоу.
Од фотките објавени на Инстаграм се чини дека бившиот на Цеца, Богдан ја најде среќата покрај Јована.
Погледнете повеќе фотографии од Јована во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело