„Не жалам за парите, туку за непочитта“ - Харис Џиновиќ официјално се разведе од Мелина и проговори за неверствата

Разводот на Харис и Мелина Џиновиќ е официјализиран. Пејачот беше мета на критики поради изјавите по распадот на 22-годишниот брак, а сега проговори и околу поделбата на имотот.

ne-zhalam-za-parite-tuku-za-nepochitta-haris-djinovikj-oficijalno-se-razvede-od-melina-i-progovori-za-neverstvata-01.fw.png

Во регионалните медиуми на 25-ти јануари 2024 осамна веста дека познатиот српски пејач Харис Џиновиќ (73) се разведува од 30 години помладата сопруга, дизајнерката Мелина Џиновиќ.

Инаку, Харис и Мелина се запознале во 2002-ра, кога таа имала само 22 години, а тој 52. Се венчале во 2014-та година, а од бракот заедно ги имаат ќерката Џина и синот Кан.

Парот и официјално му стави точка на својот брак, кој траеше 22 години, пишуваат српските медиуми.

Разводот е завршен во најбрз можен рок, но постапката околу распределбата на имотот се води посебно.

Уште не се знаат точни детали, но уште од самата најава за нивниот развод јавноста почна да погодува кому што ќе му припадне.

ne-zhalam-za-parite-tuku-za-nepochitta-haris-djinovikj-oficijalno-se-razvede-od-melina-i-progovori-za-neverstvata-02.jpg

За српските медиуми, Харис има изјавено:

„Законот ќе одлучи што ќе ѝ припадне неа, а што нема. Таа само ја напушти куќата, практично побегна.

Забележав дека изнесува нејзини работи, но речиси една година ме избегнуваше.

Многу вложив во неа и не ми е жал поради тоа, но кога нема почит и благодарност на човек му станува жал што бил дарежлив и подготвен на сè.

ne-zhalam-za-parite-tuku-za-nepochitta-haris-djinovikj-oficijalno-se-razvede-od-melina-i-progovori-za-neverstvata-03.jpg

Го однесе цел накит и ако се направи пресметка, тоа е многу голема сума.

Инаку, Мелина одеше на патувања со своите пријателки и јас тие патувања ги подржував до февруари минатата година, а потоа сфатив дека таа е убава жена, плус е триумф како сопруга на Харис Џиновиќ за некој да посака да ја освои...

Јас никогаш во животот не сум ја удрил, понижил, ниту сум ѝ направил нешто лошо. Таа порано велеше дека бракот мора да опстане и дека грешат тие што се разведуваат.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Хит реакција на оженет српски пејач - откако девојка му даде свој број на ливче, среде настап (видео... „Објасни дека е оженет, ама бројот не го фрли“, гласи еден од коментарите на Тви...
Харис Џиновиќ за бившата Мелина: „Не можам да ја наречам дама, премногу ѝ давав слобода, ѝ здосадив“... „Кога реков дека премногу давав, не мислев на финансискиот дел, туку на слободат...
Островот Крит како сцена од апокалиптичен филм: Портокалово небо и прашина поради песочна бура од Са... Поради песочна бура од Сахара, вчера островот Крит беше покриен со прашина, а по...
По разводот кога бившиот сакаше да ѝ ги земе децата, Тања Савиќ (40) пронајде љубов - му прослави 30... По скандалите со бившиот сопруг Душан и крајот на бракот од 11 години во 2022-ра...
Харис Џиновиќ за свадбата на бившата Мелина: „Што сака нека прави, да не бев јас, ништо од тоа немаш... „Не ме интересира што се пишува, ниту ме интересираат случувања поврзани со неа....
Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg