Татко ѝ ја напуштил на 3 години, се омажила на 19, наскоро ќе стане прабаба: Тешкиот живот на Кока од „Бољи живот“

Дипломирала два месеца по породувањето, на 45 години останала вдовица и веќе никогаш не нашла маж кој ќе го замени нејзиниот сакан сопруг. Се сеќавате ли на дрската Кока од „Бољи живот“?

tatko-i-ja-napushtil-na-3-godini-se-omazhila-na-19-naskoro-kje-stane-prababa-teshkiot-zhivot-na-koka-od-bolji-zhivot-01.jpg

Актерката Јелица Сретеновиќ за многумина секогаш ќе биде Кока од серијата „Бољи живот“, иако има долга кариера и на телевизија и во театар.

Во јавноста секогаш расположена и насмеана, оваа позната Србинка сепак имала тежок живот.

Своите проблеми, вели, не сака да ги споделува со никој, освен со најблиските, но и покрај тоа повремено, низ интервјуата, знаела да открие работи за себе по кои многумина останувале „подзинати“.

tatko-i-ja-napushtil-na-3-godini-se-omazhila-na-19-naskoro-kje-stane-prababa-teshkiot-zhivot-na-koka-od-bolji-zhivot-02.jpg

Што знаеме за познатата српска актерка?

Родена е на 3 март 1954 година во Белград.

Нејзините родители се развеле кога имала 3 години, и таа останала да живее со мајка ѝ Анѓелка.

Со неа била многу блиска, особено што, татко ѝ Трифун го видела само неколкупати откако си заминал од семејниот дом.

Има и полубрат, од страната на татко ѝ, но и тој растел со својата мајка, бидејќи Трифун го оставил и него.

tatko-i-ja-napushtil-na-3-godini-se-omazhila-na-19-naskoro-kje-stane-prababa-teshkiot-zhivot-na-koka-od-bolji-zhivot-07.jpg

Со глума почнала да се бави уште како дете и редовно одела на часови по актерска игра,

По втора година средно, ја напуштила гимназијата и запишала Факултет за драмски уметности.

„Брзав да станам актерка. Тоа го сакав откако знам за себе“ - рекла во едно интервју таа.

Јелица била најмлада во својата група, а професорите и студентите ја обожавале.

tatko-i-ja-napushtil-na-3-godini-se-omazhila-na-19-naskoro-kje-stane-prababa-teshkiot-zhivot-na-koka-od-bolji-zhivot-04.jpg

На 18 години го запознала правникот Милош Сретеновиќ и по една година врска, се омажила за него.

Бремена одела на предавања, а два месеца откако ја родила ќерката Ана, Јелица дипломирала.

Со сопругот добија уште една ќерка, Оља, која е 11 години помлада од Ана.

И иако животот ѝ бил идиличен, работите се смениле во 1999 година, кога сопругот ѝ починал поради срцеви проблеми.

Таа останала вдовица на 45 години.

Јелица никогаш не се премажи, туку продолжи да тагува по заљубената љубов и да се грижи за ќерките и внуците.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Елена Китиќ никогаш позгодна - ја „уловија“ со дечкото на аеродром, откако беше на одмор со татко ѝ ... Елена, ретко споделува фотки на Инстаграм, но со нејзината последна објава, таа ...
Татко ѝ признал дека е геј и ја напуштил на 2 години, ќерка ѝ почина мистериозно - Тешката судбина н... „Кај татко ми отидов заедно со мојот сопруг, 20 години откако ме напушти. Негови...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...

Најчитани неделава