Александра Пријовиќ блеска во втората бременост – разголените аутфити ги замени со удобна облека

Со малку отечено лице, но блескав труднички сјај, Александра Пријовиќ откри дека се чувствува добро во втората бременост, облечена во лежерен но стилски аутфит на концертот на Марија Шерифовиќ.

aleksandra-prijovikj-bleska-vo-vtorata-bremenost-razgolenite-autfiti-gi-zameni-za-udobna-obleka-01.jpgфото: Инстаграм / скриншот Инстаграм видео

Во јануари 2025 српските медиуми открија дека Александра Пријовиќ е во рана бременост и дека планира да се повлече од естрадата.

Последниот концерт од турнејата го одржа на 22 декември 2024 во Белград, а последниот настап ѝ беше на новогодишната ноќ.

Прочитајте повеќе: Александра Пријовиќ со концерт во Белград ја заврши турнејата: Заплака пред 22.000 луѓе, емотивна порака од синот и сопругот

Таа сега е посветена на себе и на синот Александар, кој го добија со сопругот Филип Живојиновиќ во март 2019-та година.

Засега е познато дека 6-годишниот Александар ќе добие сестричка, а на последното појавување во јавност мајката откри дека се чувствува добро.  

Таа беше забележана како доаѓа сама на концертот на Марија Шерифовиќ во Белград, облечена во кежуал, но стилски аутфит – со црни панталони, бела кошула, сиво сако и мокасини.

aleksandra-prijovikj-bleska-vo-vtorata-bremenost-razgolenite-autfiti-gi-zameni-za-udobna-obleka-3.jpg

Пријовиќ блеска со труднички сјај и насмевка која зрачи оддалеку, а на новинарите само накратко им кажа: „Добро сум, ви благодарам“. 

Кликнете на видеото за да го погледнете:

Прочитајте и Беше свршен со актерка, ѝ предвидуваа свадба со познат пејач: Кои се бившите на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ?

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Животот ни даде сè“ - Александра Пријовиќ објави прва фотка од ќерката - прослава во ресторан, баби... Гордата баба Борка Михајловиќ (мајката на Александра Пријовиќ) носи маица на кој...
Александра Пријовиќ со ќерката без шминка во базен - Откри со кој трик ослабела и кога ангажира дади... „Вечерва со неа е дадилка, но тоа навистина ретко се случува бидејќи најчесто сп...
Александра Пријовиќ сака да ги „покаже“ парите - Прошета со чанта од 9.000 евра и сако од 2.500 евра Александра Пријовиќ се појави во елегантен црн фустан од брендот Victoria Beckha...
Пред Пријовиќ, Филип Живојиновиќ беше свршен со тогаш 19-годишната Софија Мило - зошто им прекина љу... „Мајка ми на почетокот беше скептична, но кога го запозна, се воодушеви бидејќи ...
Александра Пријовиќ сподели ретка фотка од труднички стомак пред породување – носи фустан од 3.000 е... Александра Пријовиќ блеска во втората бременост, а објави ретка фотка од 9-ти ме...
Александра Пријовиќ објави прва фотка од лицето на ќерката, по повод 10 години љубов со Филип Живоји... „Пред 10 години започнавме како двајца. Денес сме четворица. Ти благодарам за 10...

Најчитани неделава