Александра Пријовиќ сподели ретка фотка од труднички стомак пред породување – носи фустан од 3.000 евра, за дадилка ќе плаќа 5.000

Александра Пријовиќ блеска во втората бременост, а објави ретка фотка со труднички стомак пред да влезе во 9-ти месец, со што ги изненади фановите – се држи за стомачето облечена во Oscar de la Renta од 3.400 евра, откако предизвика бура реакции по огласот за дадилка за која нуди 5.000 евра.

aleksandra-prijovikj-spodeli-retka-fotka-od-trudnichki-stomak-pred-poroduvanje-nosi-fustan-od-4-000-evra-za-dadilka-kje-plakja-5-000-01_1.jpg

На почетокот на бременоста, Александра Пријовиќ беше забележана во стилски аутфит, со малку отечено лице, но сепак блескаше, а оттогаш ретко се појавува во јавност и не објавува многу фотки од себе.

Сега, во поодмината бременост, пејачката сподели ретка фотка со труднички стомак и покажа дека изгледа прекрасно кратко пред породување.

Таа е облечена во мини цветен фустан, креација на Oscar de la Renta, што на сајтовите за онлајн продажба оригинално чини 4.000 долари (околу 3.400 евра), а се наоѓа на попуст за 1.000.

aleksandra-prijovikj-spodeli-retka-fotka-od-trudnichki-stomak-pred-poroduvanje-nosi-fustan-od-4-000-evra-za-dadilka-kje-plakja-5-000-01.jpg

Во коментари Пријовиќ доби многу пофални зборови за својот изглед, а љубов ѝ испратија и Наташа Беквалац, Јелена Розга и други познати личности.

Неодамна таа предизвика бура реакции во јавноста, откако објави оглас за дадилка, која ќе добива плата од дури 5.000 евра.

Прочитајте повеќе: Александра Пријовиќ нуди 5.000€ за дадилка на децата - Што треба да прави таа за астрономската плата?

Инаку, ова ѝ е втора бременост на Александра, која заедно со сопругот Филип Живојиновиќ, во 2019 го доби синот Александар.

Засега е познато дека момчето ќе добие сестричка, а дека трудницата се чувствува добро и дека има поддршка од саканиот и семејството.

aleksandra-prijovikj-spodeli-retka-fotka-od-trudnichki-stomak-pred-poroduvanje-nosi-fustan-od-4-000-evra-za-dadilka-kje-plakja-5-000-05.jpg

„Александра и Филип посакуваа да добијат ќеркичка, и еве, желбата им се исполни.

Секако, најважно е бебето да е живо и здраво, но со оглед на тоа што веќе имаат син, сакаа второто да биде женско.

Пресреќни се, а резултатите ги добија баш на роденденот на Александар“ – изјавил извор близок до парот, споделува Blic.rs.

Прочитајте и Беше свршен со актерка, ѝ предвидуваа свадба со познат пејач: Кои се бившите на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ?

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Животот ни даде сè“ - Александра Пријовиќ објави прва фотка од ќерката - прослава во ресторан, баби... Гордата баба Борка Михајловиќ (мајката на Александра Пријовиќ) носи маица на кој...
Сестрата на Наташа Беквалац со смела фотка од плажа: „Се помислив дали на 40 години треба да објавам... Откако Кристина Беквалац објави провокативна фотка од плажа со долга мотивациска...
На Мирослав Илиќ му се доволно 3.000€, Аца Лукас скромен со 1.200€ - Колку троши српската естрада ме... „Живеам сосема нормално, како повеќето луѓе. Имам трошоци, комуналии, храна и су...
Koлку милиони има заработено Душко Тошиќ + Какви луксузни имоти поседуваат со Карлеуша? Душко Тошиќ во периодот од 2015 до 2020 година заработил неверојатни 18 милиони ...
Чини 5 милиони евра, има 2.000 огледала - Српскиот „бог на веѓите“, кој наплаќа по 600 евра, се пофа... Самонаречениот „бог на веѓите“, Адам Адактар, кој своевремено откри дека за 600 ...
Александра Пријовиќ сака да ги „покаже“ парите - Прошета со чанта од 9.000 евра и сако од 2.500 евра Александра Пријовиќ се појави во елегантен црн фустан од брендот Victoria Beckha...

Најчитани неделава