Србинка го победи ракот, се справи со лупусот и се омажи по вторпат на 79 години - го запознала преку Фејсбук

Се омажила на 23 години и била во среќен брак цели 52 години. За првиот сопруг вели дека бил „господин“. Вториот сопруг го запознала преку Фејсбук. Оливера Павловиќ е жена која живее со полн здив и покрај здравствените предизвици и возраста!

zhena-od-belgrad-go-pobedi-rakot-se-spravi-so-lupusot-i-se-omazhi-po-vtorpat-na-79-godini-go-zapoznala-preku-fejsbuk-01.jpg

Животот на Оливера Павловиќ од Белград е достоен за филмско сценарио.

Таа се справила со лупусот и го победила ракот на хранопроводникот во поодмината фаза, а исто така се омажила по вторпат на 79-годишна возраст.

zhena-od-belgrad-go-pobedi-rakot-se-spravi-so-lupusot-i-se-omazhi-po-vtorpat-na-79-godini-go-zapoznala-preku-fejsbuk-04.jpg

„Мојата прва болест, системскиот лупус, настана како последица на стресна состојба“, раскажува Оливера Павловиќ, откривајќи дека кај неа лупусот се појавил „наопаку“, почнувајќи од трет стадиум, зафаќајќи ги бубрезите и предизвикувајќи крварење од нив.

Системски лупус е хронична автоимуна болест при која имунолошкиот систем на телото погрешно ги напаѓа сопствените ткива и органи. Ова може да доведе до воспаление и оштетување на различни делови од телото – како кожа, зглобови, бубрези, срце, бели дробови, мозок и крвни клетки.

zhena-od-belgrad-go-pobedi-rakot-se-spravi-so-lupusot-i-se-omazhi-po-vtorpat-na-79-godini-go-zapoznala-preku-fejsbuk-02.jpg

Бидејќи работела во болница на урологија, лекарите веднаш започнале со испитувања, по што било утврдено дека станува збор за лупус, а потоа се појавиле и првите, типични симптоми.

Во тоа време, Оливера била во брак. Се омажила на 23 години и била во среќен брак цели 52 години:

„Мојот сопруг беше професор на Ветеринарниот факултет. Беше медицински образован човек и ако треба да го опишете со една збор, би можеле да кажете – господин“.

zhena-od-belgrad-go-pobedi-rakot-se-spravi-so-lupusot-i-se-omazhi-po-vtorpat-na-79-godini-go-zapoznala-preku-fejsbuk-03.jpg

Оливера ги победи и лупусот и ракот на хранопроводникот, а потоа, на 79 години, повторно ја пронајде љубовта и се омажи.

Живеела во многучлено семејство и, како што истакнува, ако повторно се роди – сѐ би повторила на ист начин.

zhena-od-belgrad-go-pobedi-rakot-se-spravi-so-lupusot-i-se-omazhi-po-vtorpat-na-79-godini-go-zapoznala-preku-fejsbuk-05.jpg

Кога дознала дека има рак на хранопроводникот, го прифатила тоа многу храбро.

„Како да имам настинка. Мислам дека тоа е единствениот исправен став“, вели Оливера Павловиќ.

Имала поддршка од семејството, но и многу позитивен став, за кој верува дека ѝ помогнал да ги преброди и лупусот и ракот.

По смртта на сопругот, преку Фејсбук го запознала својот сегашен сопруг, за кого и се омажила на 79 години.

Слушнете како изгледало нивното запознавање, но и нејзината здравствена битка:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
Србинка пронајде љубов на 80 години: „Во брак сме 2 години, се запознавме на Фејсбук, помлад е 13 го... Дека љубовта не познава возраст, докажува Оливера (83) која во деветтата децениј...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
Теа Таировиќ се омажи за возачот - познати Србинки кои ги заведоа своите вработени Љубовта не бира ни време ни место, ниту пак професионален ангажман, а неколкупоз...
По Северина, Игор Којиќ се ожени за 15 години помлада, се разведе за 5 месеци, a сега има нова женск... Неговата нова девојка неодамна седеше во ложата на концертот на Кеба покрај Игор...
„Една година сум постар од татко ѝ, а 3 од мајка ѝ“: Српски актер за љубовта со 23 години помладата ... „Се испостави дека поголем проблем е што тој не јаде свинско месо и што е муслим...

Најчитани неделава