Стјепан Хаусер ја свири „Јовано Јованке“ на своето виолончело - аплаузи од Македонија (видео)

Со македонското знаме во позадина, познатиот хрватски виолончелист ја свири нашата „Јовано, Јованке“, како дел од неговиот нов светски музички проект.

stjepan-hauser-ja-sviri-jovano-jovanke-na-svoeto-violonchelo-aplauzi-od-makedonija-video-01.jpg

Хрватскиот виолончелист со светска слава, Стјепан Хаусер, на својот Инстаграм ја почна кампањата „Музиката го обединува светот“.

Неговата идеја е секој ден да објавува по едно видео со песна од различна држава, а потоа да објави кои 5 видеа имаат најголема гледаност и коментари, односно кои се топ 5 држави според неговите следбеници.

Првата песна која ја објави е од Мексико, и тоа популарната La Bamba, по што следуваше Zorba’s Dance од Грција.

Стјепан отсвире и неколку песни од регионот, вклучувајќи ги и Cesarica од Оливер Драгојевиќ како претставник на Хрватска и Tamo Daleko за Србија.

stjepan-hauser-ja-sviri-jovano-jovanke-na-svoeto-violonchelo-aplauzi-od-makedonija-video-02.jpg

Последната песна во низата е „Јовано, Јованке“, која е неговиот избор за Македонија.

Виолончелистот ги воодушеви своите фанови со изведбата на песната, па многумина ја споделија на Инстаграм Стори, со аплауз за Хаусер.

Кликнете на видеото и слушнете како звучи „Јовано, Јованке“ во негова изведба:

Уште неколку видеа од проектот на Хаусер:

А. Ј. | Црнобелo

Би можело да ве интересира:

Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...
„Дечкото има магија, каква емоција! Која нова песна на Јаков Јозиновиќ ме освои на прва?“ Кога го слушам него слушам емоција, слушам магија, има некој X фактор во него. М...
Игор Којиќ првпат објави фотка со новата девојка - Се вљуби во 27-годишна мисица, по двата разводи Николина е двојно помлада од поранешната сопруга на Игор, Северина, која оваа го...
Се сврте кон верата, чудни напливи на емоции – Што прави бившиот сопруг на Марија Микиќ откако се вр... Ги носи децата во црква, околу вратот носи крст, почна да работи како менаџер на...
Му ја кинат кошулата, беше цела естрада: Огњен Амиџиќ направи мекици за ќерката Лола и објави прва ф... Десингерица, во свој бизарен стил, му донесе подарок - косилка за трева, Џани пе...
На Северина ѝ тргна во животот - го покажа лицето на синот, објави нова хит песна со наслов „Пумпај,... „Зошто мене ми е забрането да се гордеам со мојот син? Таткото се обиде на сите ...

Најчитани неделава