Зошто пејачот Владо Георгиев не јаде веќе 9 дена?

По скандалот со апсењето поради возењето во алкохолизиранa состојба и со прекумерна брзина, Владо Георгиев (48), кој е татко на две ќерки и има 15 години помлада партнерка, одлучи да се изгладнува со цел да го ослободи своето тело од токсини. Поминал веќе 9 дена без храна, а своето искуство го споделува на мрежата „X“ (некогашен Твитер) ...

zoshto-pejachot-vlado-georgiev-ne-jade-vekje-9-dena-01.jpg

Пејачот Владо Георгиев одлучи колку што е можно повеќе денови да не внесе никаква храна во телото, за да го исчисти од токсини.

Владо пред девет дена напиша на социјалната мрежа „X“ (некогашен Твитер) дека ќе се обиде одреден период да се воздржи од храна. И дека ова не му е првпат да го прави тоа.

zoshto-pejachot-vlado-georgiev-ne-jade-vekje-9-dena-07.jpg

Владо Георгиев напиша:

„Повторно гладување и автофагија, без храна наредниот период, ќе видиме колку ќе издржам.

Се надевам што подолго, но и 100 часа се веќе голема работа за организмот“, напиша Георгиев, а потоа редовно известуваше до каде стигнал.

Инаку, автофагија е природен процес во телото при кој клетките ги разградуваат и отстрануваат оштетените или непотребни компоненти. Тоа е своевидно „чистење“ на организмот кое се активира најчесто при гладување (најмалку 12–16 часа без внес на калории).

Владо ова го прави малку подолго и поекстремно, инаку најпопуларен метод на овој режим е методот 16/8, во кој имате 16 часа без храна, па 8 часа во кои се јаде. На пример ако вечерата ви е во 20 часот, следен оброк треба дури во 12 часот напладне наредниот ден.

Придобивки од автофагијата се: ги отстранува токсините, го подобрува метаболизмот, помага во слабеење, го поддржува здравјето на клетките и долговечноста.

zoshto-pejachot-vlado-georgiev-ne-jade-vekje-9-dena-09.jpg

Иако автофагијата има многу здравствени придобивки, може да има и негативни страни, особено ако не се практикува правилно или премногу екстремно.

Негативни страни може да бидат: недостиг на енергија, замор, вртоглавица и пад на концентрацијата, нарушување на метаболизмот хормонален дисбаланс, главоболки, раздразливост, анксиозност итн.

zoshto-pejachot-vlado-georgiev-ne-jade-vekje-9-dena-12.jpg

Владо на мрежата „X“ се пофали дека влегол во 201-иот час без храна, а следната цел му е 216 часа.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...
Владо Георгиев на гала настан со 15 години помладата партнерка - Ретко појавување на Милица во јавно... Коментарите на социјалните мрежи се дека се преубав пар, но има и такви кои вела...
Лепа Брена има јахта од 6.000.000€, Владо Георгиев платил 100.000€ за својот крузер - Скапите пловил... Брена и Боба имаат две јахти - ја купиле поголемата јахта за 6 милиони евра, а с...
По 2 пропаднати брака се ожени со 11 години помлада, чекаат трето дете – Која е атрактивната сопруга... „Некои велат дека сум со него заради пари, но кога го запознав тој беше на дното...
„Данило ме изневери, се иселив од дома пред несреќата“ - Наташа Беквалац по 14 години искрено за раз... „Мојот брак со Данило заврши пред неговата несреќа. Во моментот кога му се случи...
Важи за најзгоден српски фраер, зад себе има развод и борба со алкохол - Кој е пејачот Владан Савиќ? Со кореографијата на концерт, каде 7 девојки го расоблекуваат до боксерки, фронт...

Најчитани неделава