Данијела Димитровска (38) го прослави роденденот со дечкото, а Огњен Амиџиќ со сопругата во Дубаи - двајцата пронајдоа среќа по разводот
- Детали
- петок, 25 април 2025
Додека Данијела го слави роденденот со огромен букет рози, море и романтика, нејзиниот поранешен сопруг Огњен е на одмор во Дубаи со втората сопруга Мина и со нивниот син Перун, во еден од најлуксузните ресорти.

Данијела Димитровска, српски модел и водителка, по разводот со Огњен Амиџиќ во 2022 година, започна нова љубовна врска со бизнисменот и некогашен спортист Јеврем Косниќ.
Тие постојано споделуваат моменти од нивниот заеднички живот, вклучувајќи тренинзи и патувања.
Данијела за српските медиуми во една пригода изјави дека е среќна и исполнета во оваа врска, и не ја исклучува можноста за повторен брак, истакнувајќи дека љубовта е нејзина водилка во животот.
Таа сега го прослави својот 38-ми роденден покрај саканиот на море.

Од Јеврем доби огромен букет рози, а на Инстаграм напиша:
„38 и полно срце. Преполна со благодарност за секоја насмевка, прегратка, порака, желба... За сè што имам и за сите кои се дел од мојот свет.
Сето тоа го чувствувам изминативе два дена. Ви благодарам што го славите животот со мене“.





