Сите детали за свадбата на Теа Таировиќ - го додаде презимето на сопругот, раскошна венчаница со вел

По венчавањето, Теа Таировиќ е Теа Таировиќ Вардај, а венчаницата за сечењето на тортата ја замени со црвен фустан. „Ова е посебен ден за мене и Иван, кој засекогаш ќе го паметиме“, изјави таа.

site-detali-za-svadbata-na-tea-tairovikj-go-dodade-prezimeto-na-soprugot-raskoshna-venchanica-so-vel-01.jpg

Теа Таировиќ вчера (24.04) во Нови Сад го изговори судбоносното „да“ на својот партнер Иван во еден бајковит ресторан во близина на Нови Сад, а за време на церемонијата на своето презиме го додаде и презимето на сопругот.

На венчавката присуствуваа 120 гости, меѓу кои и познати личности, како нејзините колешки Сања Вучиќ и Барбара Бобак.

site-detali-za-svadbata-na-tea-tairovikj-go-dodade-prezimeto-na-soprugot-raskoshna-venchanica-so-vel-05.jpg

Теа носеше бела венчаница украсена со бисери, додека Иван беше во елегантен црн смокинг со пеперутка машна.

Теа до олтарот ја испрати нејзиниот татко Зоран Таировиќ, уметник и академик.

Венчаницата беше рачно изработена специјално за неа од дизајнерот Бојан Петровиќ, кој ѝ ја подари како свадбен подарок.

Свадбената декорација, особено куполата украсена со цвеќе покрај Дунав, изгледа навистина впечатливо.

site-detali-za-svadbata-na-tea-tairovikj-go-dodade-prezimeto-na-soprugot-raskoshna-venchanica-so-vel-03_copy.jpg

Младенците во ресторанот пристигнаа сами, а со автомобилот управуваше Иван.

По венчавањето, Теа Таировиќ ќе го носи целосното име – Теа Таировиќ Вардај. Односно таа на своето, го додаде презимето на саканиот.

Прочитајте и Бајковитото место на кое Теа Таировиќ денес ќе прави свадба - парот пристигна таму (фото)

site-detali-za-svadbata-na-tea-tairovikj-go-dodade-prezimeto-na-soprugot-raskoshna-venchanica-so-vel-04_copy.jpg

Се појави снимка на која се гледа моментот кога младенците го изговараат судбоносното „да“, а тогаш пејачката кажа и дека го прифаќа презимето на својот сопруг – Вардај.

Теа зрачи и не ја симнува насмевката од лицето.

site-detali-za-svadbata-na-tea-tairovikj-go-dodade-prezimeto-na-soprugot-raskoshna-venchanica-so-vel-14.jpg

Гостите ги забавувал бендот „Акустична соба“, кој е на нејзиниот стрико Горан Таировиќ.

„Ова е посебен ден за мене и Иван, кој засекогаш ќе го паметиме. Благодариме на сите што го разубавија нашето венчавање, како и на медиумите за разбирањето – сакавме овој чин да остане интимен“, изјави Теа пренесуваат српските медиуми.

Кликнете на видеото за да видите фотографии од свадбата:

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Детали од предбрачниот договор на Мелина, видеа од свадбата + Зошто Харис Џиновиќ се откажа од ќерка... Во јавноста излегоа детали од предбрачниот договор на Мелина и Џефри, а милионер...
Теа Таировиќ во посета на Скопје – Калиопи ја шета низ плоштад, таа признава дека не излегува од дом... „Уште кога првпат те видов на сцена, си реков ова е многу искрена и интелигентна...
Сопругот на Мирка Васиљевиќ, фудбалерот Вујадин Савиќ среде брутален скандал со неверство, избркан о... Некогашниот фудбалер Вујадин Савиќ и син на легендарниот Дуле Савиќ повеќе не е ...
Прва објава на сопругот на Марија Микиќ по разводот: „За некого си целиот свет и тој некој те вика Т... „Некогаш, ќерко, ќе бидеш тажна, а никој нема ни да праша зошто. Верувај ми, ќе ...
Цеца носела пиштол со себе - Детали за убиството на Аркан пред 26 години „Некои жени ми бранеа да излезам од бутикот, а Ѕвонко врескаше: ‘Командантот е у...
Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg