Србин фрлаше ливчиња за да одбере кумови за децата и стана мета на критики - се исмева со светиот чин крштевање (видео)
- Детали
- среда, 07 мај 2025
„Боже, какви сè лудаци има. Многу тажно, како некои си играат со кумството...“ е еден од осудувачките коментари за скандалозниот Адам Адактар oд Чачак, кој се расфрла со луксуз.
Адам Адактар oд Чачак е српски претприемач, а популарност стекнал благодарение на реалното шоу „Адактарови“.
Себеси се нарекува „Бог на веѓите“ и покрај тоа што има свој салон, често патува, купува скапи автомобили и облека и се фали со луксуз.
Тој во 4 години доби 4 деца со сопругата Анџела, а сега ги крштеваше сите наеднаш.
На Инстаграм сподели дека го направил тоа во име на желбата на неговата баба.
Но, кумови за секое дете бираше од членовите на семејството и тоа со фрлање на ливчиња со имиња на децата.
Ова поттикна револт кај дел од неговите следбеници кои велат дека на овој начин се потсмева на овој свет чин.
Инаку, Адактар ги полни насловните страници не само со својата работа, туку и со арогантното однесување и промовирањето некултура.
Ова семејство го нарекуваат и Кардашијанс од Србија.
На Инстаграм Адам напиша:
„Одлучив да им ги исполнувам желбите на моите најблиски... Баба ми ми рече дека најголемата желба ѝ била да ги крстам моите деца, па ѝ ја исполнив“.
Дел од коментарите на неговиот потег на Инстаграм се:
„Боже, какви сè лудаци има. Многу тажно, како некои си играат со кумството...“
„Не знаев дека нашата вера дозволува членовите на фамилијата да ни бидат кумови“.
Погледнете го видеото кое поттикна лавина негативни реакции:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





