Си личат во фризурата и брадите: Српскиот евровизиски претставник Принцот од Врање во прегратка со Кончита (видео)

Утре (13.05) ќе се одржи првата полуфинална вечер на Евровизија, а на тиркизниот тепих во Базел имаше средба и прегратка на Кончита и српскиот претставник, кои многумина ги споредуваат со изгледот.

si-lichat-vo-frizurata-i-bradite-srpskiot-evroviziski-pretstavnik-princot-od-vranje-vo-pregratka-so-konchita-01.jpg

Во неделата (11.05) се одржа свечениот настан познат како евровизискиот тиркизен тепих во Базел, Швајцарија.

Евровизискиот тиркизен тепих традиционално се одржува пред почетокот на Евровизија и служи како официјално отворање на фестивалот.

Тука сите претставници на земјите-учеснички парадираат пред медиумите и фановите и тоа е можност: да се претстават со своите модни избори, да дадат изјави, да се фотографираат и да се поврзат со останатите делегации и новинари.

Па, како меѓу другите, тука се случи и средбата помеѓу некогашната австриска евровизиска претставничка Кончита Вурст и српскиот претставник Стефан Здравковиќ - Принцот од Врање, која беше полна со емоции, насмевки и топли зборови, според видеото кое Принцот од Врање го прикачи на Инстаграм.

si-lichat-vo-frizurata-i-bradite-srpskiot-evroviziski-pretstavnik-princot-od-vranje-vo-pregratka-so-konchita-02.jpg

Интересно е што двете евровизиски ѕвезди ги споредуваат поради брадата и долгата коса.

si-lichat-vo-frizurata-i-bradite-srpskiot-evroviziski-pretstavnik-princot-od-vranje-vo-pregratka-so-konchita-03.jpg

Принцот од Врање вели дека е воодушевен од пробите и атмосферата во Базел, а на средбата со Кончита Вурст имаше и прегратка.

si-lichat-vo-frizurata-i-bradite-srpskiot-evroviziski-pretstavnik-princot-od-vranje-vo-pregratka-so-konchita-04.jpg

Кончита му даде совет за настапот:

„Не размислуваш во тој момент. Само излегуваш и пееш. Но, сепак, не носиш сè на своите плеќи и тоа го знам од искуство“.

Кончита потоа сподели:

„Ја обожавам Евровизија, обожавам што сум тука и што запознавам толку луѓе. Знаеш, максимално ја користам оваа привилегија како некој луд фан - сакам да ја запознаам оваа личност, онаа личност...“

si-lichat-vo-frizurata-i-bradite-srpskiot-evroviziski-pretstavnik-princot-od-vranje-vo-pregratka-so-konchita-06.jpg

Погледнете го целиот разговор (кликнете на видеото):

Инаку, Евровизија 2025 ќе се одржи во Базел, Швајцарија, во арената St. Jakobshalle.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Чини 5 милиони евра, има 2.000 огледала - Српскиот „бог на веѓите“, кој наплаќа по 600 евра, се пофа... Самонаречениот „бог на веѓите“, Адам Адактар, кој своевремено откри дека за 600 ...
Анѓелка Прпиќ во страсна прегратка во Париз со сопругот - кој беше најдобар другар на нејзиниот бивш... Анѓелка Прпиќ е во едно од најсексапилните изданија досега, со впечатливи чевли,...
Српскиот порно актер Милан за сопругата: „Не ѝ пречи мојата работа – секој ден прашува како сум поми... „Таа ме запозна кога веќе ја работев оваа работа. Ми беше возач на UBER и остана...
Мистериозна смрт, кариерата му ја лансираше Јелена Карлеуша - Кој е српскиот фризер кој почина на 43... Едни тврдат дека „закачил“ бактерија на патувањето во Занзибар, а тој брзо пред ...
Сопругата на српскиот фудбалер Предраг Рајковиќ, Ана, блеска на јахта - ја надминаа нејзината наводн... Имаше гласини дека наводно го изневерила со неговиот колега, фудбалерот Душан Вл...
Со малку оседена коса, има 54 години, 4 деца: Каде е и што прави денес евровизискиот миленик Сакис Р... Како млад работел и на градилиште за да се грижи за браќата, а гласините за него...

Најчитани неделава