Сопругата на српскиот фудбалер Предраг Рајковиќ, Ана, блеска на јахта - ја надминаа нејзината наводна афера со Душан Влаховиќ
- Детали
- понеделник, 04 август 2025
Имаше гласини дека наводно го изневерила сопругот, српскиот голман Предраг Рајковиќ, со неговиот колега, фудбалерот Душан Влаховиќ, но парот истакна дека тоа не ги разделило, туку зајакнало и зближило, а потоа добија и трето дете.

Ана Рајковиќ, сопругата на српскиот репрезентативец Предраг Рајковиќ, на Инстаграм со своите 240.000 следбеници објави фотографии од летување на јахта, на кои покажа дека изгледа фит и по 3 бремености.
Иако е мајка на три деца, Ана е позната по тоа што се грижи за својот изглед, а во една пригода искрено сподели дека успеала да ослабне дури 20 килограми по породувањето.

Таа на Инстаграм тогаш напиша:
„Може да се ослабне 20 килограми за два месеца и да се облече фустанот од соништата“.
Инаку, во друга пригода Ана откри како изгледал почетокот на нејзината љубовна приказна со голманот Предраг Рајковиќ.

