Ана Ивановиќ со емотивна исповед: „Ќе дојде миг и ќе сфатите дека вие го контролирате сопствениот живот“
- Детали
- петок, 16 мај 2025
„Луѓето секогаш го гледаат само она што е на површината, но под таа површина се случуваат многу работи за кои не сме ни свесни. Или, всушност, на луѓето и не им е грижа за тоа...“, вели Ана Ивановиќ.
Откако осамна информацијата дека Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер решија да стават крај на бракот кој започна во 2016-та година, а во кој добија три деца, двајцата постојано се во фокусот на јавноста.
И додека кружат гласини дека постојат шанси за нивно смирување, Ана, според фотографиите на Инстаграм, покажува дека продолжила понатаму и посилна.
Од одмори до свечени настани поврзани со тенисот, некогашната тенисерка буквално блеска.
Додека целиот свет чека официјална информација за односот на Ана и Бастијан, Ана си ја отвори душата.
Таа за германски медиум зборуваше за тенисот, но многумина ова го протолкуваа како симболично откривање на тоа што ѝ лежи на душа и во врска со бракот.
Во првата епизода од серијалот „Road to number 1“ („Патот до број 1“) Ана за збогувањето со тенисот вели:
„Тоа дефинитивно беше една тешка одлука, но почувствував дека е време за ново поглавје во животот.
Во моето опкружување, луѓето генерално се плашат од промени затоа што им е полесно кога нешто им е веќе познато.
Ние денес не сме истата личност каква што сме биле вчера.
Веќе утре повторно стануваме некој нов.
Но, на крајот на денот, цврсто верувам дека популарноста доаѓа и си оди, но тоа каква личност сте останува засекогаш со вас.
Секој од нас има свој повик и ако погледнете длабоко во себе, можете да го видите и почувствувате. Многу луѓе не го следат тој повик.
Тенисот ме научи на дисциплина, истрајност... Ме научи да ги следам моите соништа.
Луѓето секогаш го гледаат само она што е на површината, но под таа површина се случуваат многу работи за кои не сме ни свесни. Или, всушност, на луѓето и не им е грижа за тоа.
Јас сметам дека токму тоа може да нè зајакне толку многу, што во еден момент ќе сфатите дека вие сте тие што го контролирате сопствениот живот, иако понекогаш не изгледа така.
Но, навистина, вашата најголема сила е токму таа што веќе ја носите во себе“.
Kликнете на видеото со нејзината изјава:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





