Српскиот „крал на веѓите“, кој се рафрла со пари, чека дете со новата сопруга

Тој во ноември минатата година се ожени со својата избраничка, убавата Црногорка Милица, во Храмот Свети Сава во Белград, a сега потврдија дека очекуваат близнаци.

srpskiot-kral-na-vegjite-koj-se-rafrla-so-pari-cheka-dete-so-novata-sopruga-01.jpg

Бранко Бабиќ е српски бизнисмен и основач на компанијата „PhiAcademy“, која е позната по развојот на техниката за микроблејдинг на веѓи.

Неговата иновација во оваа област му донесе значително богатство, а тој често се нарекува и „крал на веѓите“.

Бабиќ започнал со минимална инвестиција од 200 евра, која со текот на времето му донеla месечни приходи и до 100.000 евра.

srpskiot-kral-na-vegjite-koj-se-rafrla-so-pari-cheka-dete-so-novata-sopruga-02.jpg

На својот Инстаграм профил, каде има повеќе од 1 милион следбеници, тој сака да споделува детали од својот луксузен стил на живот.

Бранко во ноември минатата година се ожени со својата избраничка, убавата Црногорка Милица, во Храмот Свети Сава во Белград.

srpskiot-kral-na-vegjite-koj-se-rafrla-so-pari-cheka-dete-so-novata-sopruga-03.jpg

На церемонијата, на која присуствуваа околу педесетина гости, Бабиќ носел одело со пруги, додека Милица блескала во сатенски фустан и бунда.

Тогаш парот објави дека очекуваат принова, а сега за српскиот магазин „Блиц“ потврдија дека очекуваат близнаци.

srpskiot-kral-na-vegjite-koj-se-rafrla-so-pari-cheka-dete-so-novata-sopruga-05.jpg

„Пресреќни сме поради приновата. Сè уште не го знаеме полот, но знаеме дека се близнаци“, изјави Бабиќ.

srpskiot-kral-na-vegjite-koj-se-rafrla-so-pari-cheka-dete-so-novata-sopruga-04.jpg

Бранко, кој од претходна врска веќе има два сина, сега со сопругата Милица ќе го прошири семејството со уште два нови членови. 

Кликнете на видеото за повеќе фотографии од парот:

Прочитајте и Вложил 200 евра, а денес заработува по 100.000 евра месечно – Кој е српскиот крал на веѓите Бранко Бабиќ?

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прва изјава на Цеца: „Си отидов ден пред да се породи Анастасија, тие нека слават, јас едвај чекам д... „Јас сум богата жена. Одлично се и Анастасија и внукот. Морав да се вратам од Шп...
Сопруга на српски фудбалер купи бебешка количка за ќерка ѝ од 3.200 евра - мислењата поделени Фудбалскиот голман Предраг Рајковиќ заработува одлично, па неговата сопруга Ана ...
Вирално видео: Северина падна на бина среде концерт, триумфално ги крена рацете и продолжи да пее Додека пееше и скокаше на бината, Северина се сопна и падна пред целата публика,...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...

Најчитани неделава