Бившиот дечко милијардер на Емина Јаховиќ изгледа подобро од кога било - тренинзи, приватен џет, прекрасна ќерка
- Детали
- недела, 25 мај 2025
„Ставивме точка на врската, бидејќи, како да кажам, беше малку прерано по разводот...“, изјави Емина Јаховиќ по разделбата со турскиот милијардер Садетин Саран, кој денес слободното време го минува со ќерката, ужива во спортот и ја надградува својата бизнис империја.
Емина Јаховиќ, по разводот од Мустафа Сандал, татко на нејзините синови Јаман и Јавуз, беше во врска со турскиот милијардер Садетин Саран, што предизвика вистински медиумски бум и во српските и во турските медиуми.
Парот објавуваше фотки заедно, а беа фотографирани и од папарацо фотографите.
Но, нивната врска не траеше долго.
По раскинувањето со Садетин, Емина само еднаш даде изјава за него:
„Точно е, повеќе не сме заедно. Јас ја прекинав таа врска. Тоа е завршена приказна.
Ставивме точка на сето тоа, бидејќи, како да кажам, беше малку прерано по разводот.
Имавме разидување во мислењата и во стилот на живот… Се разделивме како пријатели, во најдобри можни односи, ние сме возрасни луѓе“.
Парот тврди дека наводно се разделиле мирно, иако порано имало гласини дека често се расправале.
Денес турскиот милијардер е доста активен на Инстаграм, каде често објавува фотографии од работата, службените патувања, но и од теретаната.
Тој изгледа одлично за своите години и е во фит форма.
Емина, пак, неодамна изјави дека пронаоѓањето нов партнер не ѝ е приоритет, туку дека работи на нови песни.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





