„Зошто си купив стан во Валенсија, наместо во Белград?“

Моја пријателка е во потрага по стан во Скопје и тоа е буквално сценарио од хорор филм. Бараат вртоглава сума по квадрат и нудат ужасен квалитет. Се согласувате ли? Слична е ситуацијата и во Белград...

zoshto-si-kupiv-stan-vo-valensija-namesto-vo-belgrad-001.jpg

Моја пријателка е во потрага по стан во Скопје и буквално глава ја боли од превисоките цени и лошата понуда, односно на секој стан нешто му фали и тоа зборуваме за нешто клучно.

А цените? Цените се плафон.

Ситуацијата е иста и во Белград, па дури и многу полоша, oдносно цените се мнооогу повисоки.

zoshto-si-kupiv-stan-vo-valensija-namesto-vo-belgrad-02.jpgБелград

Токму затоа инвестирањето во недвижности во странство станува сè попопуларно меѓу граѓаните на Србија, а според агенти за недвижности, пазарот во Шпанија, особено градот Валенсија, станува сè поинтересен за Србите.

Соговорник на српскиот портал „N1“, кој се решил на ваков чекор, вели дека мотивот бил и економски, но и квалитетот на животот.

Станува збор за Мирко од Белград, кој минатата година купил стан во Валенсија, наместо во српската престолнина, а како што вели за порталот N1, еден од мотивите при изборот на градот бил, покрај цената по квадрат, и квалитетот на живот таму.

zoshto-si-kupiv-stan-vo-valensija-namesto-vo-belgrad-06.jpgВаленсија

Според него, квадрат стан во Валенсија е поевтин за 15 до 20 проценти од цената на квадрат во Белград.

Мирко вели:

„Јас немам големи пари, буквално станува збор за сума за која во Белград можете да купите, на пример, гарсониера или еднособен стан, а за тие пари во Шпанија добивате недвижност која е значително поголема“.

zoshto-si-kupiv-stan-vo-valensija-namesto-vo-belgrad-03.jpgБелград

Тој зборува и за квалитетот на живот во Валенсијa:

„Според индексот на квалитет на живот за 2025 година, според анализата на платформата Numbeo, Валенсија е на 19-то место во светот, додека Белград е на 216.

Валенсија на листата е во близина на градови како Хелсинки и Цирих, додека Белград е во ранг со Тбилиси и слично.

Значи, огромна е разликата во квалитетот на живот, кој вклучува мешавина од фактори како приходи, куповна моќ, квалитет на воздух и вода, здравствена заштита и слично.

Сега имаме втор дом во Шпанија, каде климата е совршена.

zoshto-si-kupiv-stan-vo-valensija-namesto-vo-belgrad-05.jpgВаленсија

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Бев на погреб во Белград, имаш девојка од 27 години лежи и последно збогум - не гледаш партија, ни ... „Кој знае колку луѓе дојдоа. Се чекаше ред. И во тие моменти сè се заборави: пол...
Чистел тоалети, спиел на паркинг, не го познавал турскиот јазик – Како Керем Бурсин стана еден од на... Татко му не сакал да му дозволи да студира глума, затоа што стравувал дека ќе гл...
Србинка си дојде на „мекиците“ за своето новороденче и стана мета на критики (видео) На само 5 дена по породувањето, сопругата на српскиот голман Предраг Рајковиќ се...
Наташа Беквалац: „Наместо за скапа чанта, подобро да дадам пари за школарина за моето дете“ „За мене статусен симбол не е некоја материјална работа, туку животот што го жив...
Локал во Белград е како сцена од празнична бајка Годинава повторно се хит црвените лампиони и класичните зелени елки и, се разбир...
Србин фрлаше ливчиња за да одбере кумови за децата и стана мета на критики - се исмева со светиот чи... „Боже, какви сè лудаци има. Многу тажно, како некои си играат со кумството...“ е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg