Млад Грк се удави на Лефкада на својата ергенска прослава: Зошто плажите на популарниот остров се едни од најопасните во Грција?

Плажата Катизма на Лефкада е една од најпопуларните на островот. Но, колку што е убава, толку е и опасна – поради силните бранови, низ годините загинале многу туристи бидејќи ги игнорираат предупредувањата.

mlad-grk-se-udavi-na-lefkada-na-svojata-ergenska-proslava-zoshto-plazhite-na-popularniot-ostrov-se-edni-najopasnite-vo-grcija01.jpg

На популарната плажа Катизма во Лефкада викендов се случи трагедија.

Според грчките медиуми, 30-годишен дечко славел ергенска вечер со своите пријатели, кога во неделата (25.05) се удавил во морето.

Несреќата се случила попладне, кога отишол да плива во морето, и покрај тоа што дувало ветер и имало бранови.

mlad-grk-se-udavi-na-lefkada-na-svojata-ergenska-proslava-zoshto-plazhite-na-popularniot-ostrov-se-edni-najopasnite-vo-grcija-02.JPG

Се удавил речиси веднаш откако влегол во водата, а морето потоа го исфрлило неговото тело на брегот. Веднаш реагирала спасувачка екипа и момчето било пренесено во болница во Лефкада, каде што смртта била потврдена.

Свадбата на загинатиот дечко, кој живеел во Трикала, била закажана за овој јуни.

mlad-grk-se-udavi-na-lefkada-na-svojata-ergenska-proslava-zoshto-plazhite-na-popularniot-ostrov-se-edni-najopasnite-vo-grcija-06.JPG

Плажата Катизма е една од најпознатите во Лефкада и е често посетувана од туристи од Балканот. Но, колку што е убава, толку е и опасна – не е првпат некој да загине поради брановите и струите во морето.

Впрочем, дента кога загинало 30-годишното момче, било издадено предупредување за бранови и силен ветар. А, се чини секоја година има по некоја ваква трагедија на популарната плажа, но и другите плажи на островот.

mlad-grk-se-udavi-na-lefkada-na-svojata-ergenska-proslava-zoshto-plazhite-na-popularniot-ostrov-se-edni-najopasnite-vo-grcija-03.JPG

Во 2023 година, 50-годишен турист се удавил во морето, додека неговата сопруга била спасена во последен момент. Според очевидците, мажот и жената правеле селфи фотографии на брегот, кога силен бран ги завлекол во морето.

Жената била спасена од турист од Србија.

Прочитајте повеќе: Србин спаси жена на Лефкада, морето го „проголта“ нејзиниот сопруг: „На мажот му олесни, кога виде дека жена му е безбедна“

mlad-grk-se-udavi-na-lefkada-na-svojata-ergenska-proslava-zoshto-plazhite-na-popularniot-ostrov-se-edni-najopasnite-vo-grcija-5_copy.JPG

Истата година имаше уште една трагедија кога загина 30-годишен турист од Србија. Имено, тој влегол во морето пробувајќи да спаси девојка и успеал, но самиот се удавил.

Луѓето кои биле на плажата го извлекле на брегот и пробале да го вратат во живот, но кога пристигнала брзата помош, болничарите констатирале смрт.

Тогаш се огласија и од српската туристичка агенција со која загинатиот Србин отишол на Лефкада:

„Брановите на Лефкада никако не се за потценување. Делуваат привлечно, но секоја година одземаат десетина животи.

Голем дел од оние кои се удавиле на Лефкада се добри пливачи кои ја потцениле моќта на брановите и силата на морето кое може да ве повлече под вода и да не ви дозволи да излезете на површина.

Не влегувајте во морето кога брановите се големи, особено не на Лефкада и Сарти“.

Имало ситуации и кога туристите за среќа биле спасени, но се стекнувале со повреди, како скршеници.

mlad-grk-se-udavi-na-lefkada-na-svojata-ergenska-proslava-zoshto-plazhite-na-popularniot-ostrov-se-edni-najopasnite-vo-grcija-04.JPG

Што треба да имате предвид ако одите на Катизма или која било плажа на Лефкада?

Почитувајте ги предупредувањата: Ако на плажата има знаци кои предупредуваат за опасност, не ги игнорирајте. Конкретно на плажите во Грција се поставуаат црвени знаменца кога не е безбедно влегувањето во море. Штом видите вакво знаменце, држете се понастрана од водата, дури и ако вам брановите не ви изгледаат многу големи.

Генерално избегнувајте пливање кога има бранови: Ако не сте сигурни во вашата способност за пливање, немојте да влегувате во море ако забележите бранови, дури и ако нема црвено знаменце.

Не ја потценувајте моќта на водните струи: Кога има предупредување за силни морски струи, почитувајте го. Морските струи можат да ве завлечат под вода за секунда, без разлика колку искусен пливач сте.

Следете ги препораките на надлежните: Секогаш е добро на интернет да пребарате дали има некакво предупредување за плажата на којашто ќе одите. На пример, дента кога загинал 30-годишниот дечко од Трикала, локалните власти објавиле предупредување за силен ветар и бранови.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша со емотивно сеќавање за Тоше: „Никогаш не сум плачела толку многу како дента кога за... „Тоше беше неуморен. И пееше како некоја виша сила да го тера да пее цело време,...
Јелена Карлеуша: „Зад секоја успешна жена стои маж кој ја кочи“ „Мажот може само да ме закочи, да ми го расипе денот. Мене емоциите ме закочуваа...
Татко му се самоубил – Тажната приказна за актерот кој го толкува Орхан во серијата „Грешници“ Вели дека најголемата грешка му била што не ја прифатил улогата на Полат Алемдер...
Вирално видео на Србинка: „Јас сум заменик директорка и сум патлиџан турист – со себе носам макарони... „Многу од вас мислат дека ви требаат многу пари за одмор, дека мора да можете да...
„Бев на погреб во Белград, имаш девојка од 27 години лежи и последно збогум - не гледаш партија, ни ... „Кој знае колку луѓе дојдоа. Се чекаше ред. И во тие моменти сè се заборави: пол...
Партнерот ја оставил додека била бремена, заради ракот на мајка ѝ банкротирала – Тажната приказна на... Сама ги одгледала синовите близнаци затоа што партнерот ја оставил додека била б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg