Српската инфлуенсерка Зорана се сврши – го покажа блескавиот прстен од дечкото кој го запозна на апликација за состаноци

Зорана откри дека се запознале на апликација за состаноци и дека тој морал да плати за да почнат разговор, а 4 дена подоцна, таа веќе била кај него во Охајо – една од првите и најпознати српски инфлуенсерки, сега го покажа голeмиот свршенички прстен кој блеска покрај Rolex-от на нејзиниот партнер кој е познат фудбалер.

srpskata-influenserka-zorana-se-svrshi-go-pokazha-bleskaviot-prsten-od-dechkoto-koj-go-zapozna-na-aplikacija-za-sostanoci-1.jpg

Една од првите модни блогерки и најпопуларни српски инфлуенсерки, Зорана Јовановиќ, позната само како Zorannah, се сврши со својот сакан.

Таа две години е во врска со фудбалерот Елој Рум, кој живее во Охајо, а го запознала преку апликација за состаноци, за што беше мета на критики.

„Кога ме видел на апликацијата, не чекал да го прифатам, туку морал да плати околу 5 долари за да може да ми пише, а се сеќавам дека бев во парк со другарка кога ми стигна пораката од него. 4 дена подоцна веќе бев во Охајо“ - разјасни таа во една прилика во одговор на прашање од следбениците. 

Сепак, Србинката постојано се обидува да покаже колку е нивната љубов голема, не се двои од него и споделува моменти од нивното заедничко живеење и патувања низ светот.

Сега таа на својот Инстаграм профил, објави фотографија со него и со огромен свршенички прстен на својата рака и напиша „Свршеник“.

На следната фотографија, во фокус се нивните раце – на нејзината рака блеска свршеничкиот прстен, а на неговата рака се забележува Rolex часовникот.

srpskata-influenserka-zorana-se-svrshi-go-pokazha-bleskaviot-prsten-od-dechkoto-koj-go-zapozna-na-aplikacija-za-sostanoci-02.jpg

Инаку, Елој живееше во Охајо до 2023-та, додека играше за клубот Columbus Crew, а моментално заедно со Зорана живеат во Белгија. 

Роден е во Холандија, но има потекло од Карибите.

Фудбалерот зад себе има друг брак, од кој ја добил 5-годишната ќеркичка, со која повремено објавува фотографии на Инстаграм.

Повеќе фотки од парот:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се женам со Зорана за да ја обезбедам материјално, не сакам ќерка ѝ да ме вика тато“ - Саша Ковачев... „Знам дека на секоја жена ѝ е сон да се омажи и тоа е, една од причините што вле...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
„Секоја чест“ - Српски пејач позираше со бившата и сегашната сопруга и децата од двата брака „Секоја чест“, „Браво, ова не може секој да го направи“, „Колку е убаво да се ви...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...

Најчитани неделава