Здравко Чолиќ за пишувањата дека е хомосексуалец: „Велеа дека ме силувале - жал ми е за мајка ми што го читаше тоа“
- Детали
- сабота, 31 мај 2025
„Сè започна со некоја приказна за силување додека бев на турнеја во Советскиот Сојуз. Подоцна муабетот се прошири, па имаше верзија дека сум бил на лекување во болница, а во секој град тврдеа дека тоа се случило токму таму“ - рекол Здравко во едно интервју.
Балканската ѕвезда, Здравко Чолиќ, скоро 6 децении е во центарот на вниманието во регионот.
Од талентирано момче родено во Сараево кое само сакало да пее, до најголемата музичка ѕвезда на овие простори, Здравко често бил мета и на медиумите, кои низ годините за него знаеле да напишат и бројни невистини.
Во едно од своите стари интервјуа, Чолиќ зборувал и на оваа тема:
„Има некои невистини за тоа дали си бил со оваа или онаа, со овој или оној, но луѓето зборуваат на темата додека седат во кафуле, а и самите знаат дека тоа што го кажуваат не е вистина.
Имаше многу такви инсинуации во 70-тите и 80-тите години, но кога ќе остариш веќе не „те земаат во уста“.
Еден мој продуцент од Сараево, кој живее во Будва, Милан Ступар, во времето на најголемите озборувања на сексуална основа, рече: „Колку си ти среќен човек, и кога не си присутен во јавноста со нов материјал, за тебе почнува да се шири трач кој го прераскажува цела Југославија“.
Тој гледаше на тоа стратешки. Сè се заборава и доаѓаат нови работи, но кога си дел од јавниот живот тоа е нешто со кое мора да научиш да се носиш“, рекол Чолиќ.
Тој призна и дека еден од најголемите трачеви што ги прочитал за себе е оној дека е хомосексуалец.
„Во секоја јавна работа човек мора да издржи одреден притисок, да се соочи со лажни приказни, озборувања, гласини. Единственото прашање е што ќе ти се случи, каква етикета ќе ти лепат, што ќе измислат.
Е, бидејќи мене не можеа ништо да ми залепат, нешто скандалозно, нешто страшно, измислија дека сум хомосексуалец. Луѓето сакаат скандали, приказни на кои ќе можат да додаваат украсни детали...
Сè започна со некоја приказна за силување додека бев на турнеја во Советскиот Сојуз. Подоцна муабетот се прошири, па имаше верзија дека сум бил на лекување во болница, а во секој град тврдеа дека тоа се случило токму таму!
Мене тоа не ме иритира зашто не сум тип што се лути или обрнува внимание на глупави работи, но криво ми е за мајка ми, за моите пријатели кои се секираат повеќе од мене.
Кога си во оваа позиција, во очите на јавноста, не можеш да избегаш од некои жигови, етикети. Но, кога ќе размислам, јас дури и бев поштеден во споредба со многу други луѓе“, додал тој.
Прочитајте и Здравко Чолиќ за CRNOBELO: „Сопругата ме ‘врза’ со толеранцијата, јас никогаш не сакав да се женам“
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





