Актерка забремени со најдобриот другар на сопругот, ријалити ѕвезда ги гаѓаше со јајца соседите - Естрадните скандали во Србија

Кога во некој скандал ќе биде вклучена јавна личност, а медиумите ќе почнат да пишуваат за тоа - скандалот останува „забележан“ засекогаш. А во Србија, естрадни скандали има многу - ова се само дел од нив. 

akterka-zabremeni-so-najdobriot-drugar-na-soprugot-rijaliti-dzvezda-gi-gagjashe-so-jajca-sosedite-estradnite-skandali-vo-srbija-01.jpg

Актерката Слобода Миќаловиќ неодамна беше нападната на улица, на паркинг во Белград. Ова е само еден од големите естрадни скандали за кои се пишуваше во српските медиуми и се прераскажуваше во јавноста.

Кои други естрадни скандали се паметат и денес?

Марко Миљковиќ ги гаѓаше со јајца соседите

Поранешната ријалити ѕвезда и јутјубер, Марко Миљковиќ, (сопруг на Луна Џогани), минатата година беше приведен поради расправија со соседите.

Миљковиќ го обвини својот сосед дека „фрлил помија на неговата тераса“, па тој самиот почнал да ја гаѓа со јајца неговата тераса, поради што бил приведен во полициска станица.

Марко фрлил две табли јајца, односно 60 парчиња на терасата на соседот.

При приведувањето, Марко ги навредувал полицајците и пробал да нападне еден од нив, поради што поминал 48 часа во притвор.

Тој претходно бил однесен во Ургентниот центар во Белград, а потоа и во психијатриската болница „Лаза Лазаревиќ“.

akterka-zabremeni-so-najdobriot-drugar-na-soprugot-rijaliti-dzvezda-gi-gagjashe-so-jajca-sosedite-estradnite-skandali-vo-srbija-04.jpg

Душко Тошиќ ја нападнал Јелена Карлеуша во вилата на Дедиње

Медиумите во Србија пишуваа за инцидентот кој се случил во семејната куќа на Душко Тошиќ на Дедиње, откако Јелена Карлеуша го пријави својот тогашен сопруг за физички напад врз неа и нејзина пријател.

Поради ова, морала да реагира и полицијата.

Според сведочењето на соседите, Душко пцуел, Јелена низ солзи му велела да ги остави на мира и да излезе надвор.

По некое време во вилата дошла патролна полиција и останале во куќата подолго време.

Според медиумите, Јелена плачела, се тресела од шок, а пријателот кој бил со неа, бил збунет, но си заминал без инцидент.

Душко, пак, по овој скандал, тврдеше дека не допрел никого.

akterka-zabremeni-so-najdobriot-drugar-na-soprugot-rijaliti-dzvezda-gi-gagjashe-so-jajca-sosedite-estradnite-skandali-vo-srbija-05.jpg

Слобода Миќаловиќ нападната среде улица

Кон крајот на ноември 2024, актерката Слобода Миќаловиќ беше нападната среде улица од непозната жена.

Глумицата се јавила во полиција и изјавила дека била физички нападната, а кога полициската патрола дошла на местото на настанот, било утврдено дека конфликтот почнал на паркингот, додека Слобода паркирала

Жената, наводно ја прашала актерката зошто ја удрила со автомобил, а Слобода го негирала тоа. По ова почнал конфликт, а жената ја фатила Слобода за коса и ја извлекла од возилото.

На местото на настанот пристигнала и брза помош бидејќи Слобода се пожалила на болки во пределот на главата, а била префрлена и во ургентниот центар.

Слобода сега бара правда на суд и бара максимална казна за жената за претрпен страв, нарушување на јавниот ред и мир, нарушување на угледот и физички напад, а сумата што ја бара од неа се 500.000 динари.

akterka-zabremeni-so-najdobriot-drugar-na-soprugot-rijaliti-dzvezda-gi-gagjashe-so-jajca-sosedite-estradnite-skandali-vo-srbija-02.jpg

Сергеј Трифуновиќ ја пријави сопругата за семејно насилство

Кон крајот на октомври 2024, актерот Сергеј Трифуновиќ ја пријави својата сопруга Исидора Мијановиќ за семејно насилство.

Тие беа повикани во полициската станица и сослушани, а обвинителот изјавил дека нема елементи на кривично дело.

Но, било утврдено дека Исидора во тој период нелегално престојувала во Србија, бидејќи е државјанка на Хрватска, па против неа беше поднесена прекршочна пријава врз основа на Законот за странци.

Таа беше осудена на парична казна до 50.000 динари за нелегален престој во земјата.

Во меѓувреме, парот ги реши проблемите и сега пак живеат заедно.

akterka-zabremeni-so-najdobriot-drugar-na-soprugot-rijaliti-dzvezda-gi-gagjashe-so-jajca-sosedite-estradnite-skandali-vo-srbija-06.jpeg

Анѓелка Прпиќ доби дете со најдобриот другар на сопругот

Кон крајот на 2022 година, актерката Анѓелка Прпиќ остана бремена со своето второ дете, а таткото на бебето е Марко Жугиќ, најдобриот другар на нејзиниот поранешен сопруг.

Анѓелка и Марко со месеци криеле дека се во врска и дека ќе станат родители.

Тие се венчаа тајно во 2023 година.

akterka-zabremeni-so-najdobriot-drugar-na-soprugot-rijaliti-dzvezda-gi-gagjashe-so-jajca-sosedite-estradnite-skandali-vo-srbija-03.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша по долго време заедно со татко ѝ, кој ја напуштил додека била мала - Во каков однос ... Драган, таткото на Карлеуша има уште две деца, а Јелена нив никогаш не ги спомну...
Јелена Карлеуша за мигрените: „Би сакала барем еден ден во животот да не ме боли глава“ „Без лекови против болка не можам. Имам постојани мигрени и болката е нешто со к...
Душко Тошиќ си позира со помалата ќерка во Турција, откако се огласи против Карлеуша: „Има ли крај?“ „По толку години... За што и да се зборува, Јеца постојано зборува за Душко. Има...
Душко Тошиќ и новата девојка се запознале пред 5 години, додека била во брак + Што мисли таа за Карл... Се запознале додека таа сè уште била во брак, но во врска се само пет месеци и о...
Душко Тошиќ го прослави 41-иот роденден во родното село - ја гушка мајка му, ќерките Атина и Ника со... Душко Тошиќ и покрај успехот и раскошот во кој ужива, никогаш не заборава од кад...
Јелена Розга за здравствените проблеми: „Шеќерот знае да ми ‘полуди’ додека сум на бина - морам да ј... „Ме ставија на терапија. Всушност, имам инсулинска резистенција и шеќерот ми ‘по...

Најчитани неделава