Јелена Розга за здравствените проблеми: „Шеќерот знае да ми ‘полуди’ додека сум на бина - морам да јадам 5 пати на ден“
- Детали
- петок, 03 јули 2026
„Ме ставија на терапија. Всушност, имам инсулинска резистенција и шеќерот ми ‘полудува’, односно, се случува да го немам воопшто кога сум на бина и тогаш мора да се напијам нешто слатко“, вели пејачката која со години има и проблеми со тироидата.

Хрватската пејачка Јелена Розга со години зборува отворено за своите здравствени проблеми.
Таа не крие дека има хипертиреодизам, односно заболување на тириодната жлезда што настанува како последица на зголемена концентрација на хормоните што се лачат во неа.
Ова влијае на нејзиното расположение, а губи и енергија во текот на денот, па често е малаксана.

Кога е во јавноста, пак, таа е секогаш ведра и насмеана, и не дозволува да се забележи дека се бори со неколку болести.
Всушност, Јелена во скорешно интервју откри дека има и проблеми со шеќерот, кој знае да ѝ падне и додека држи концерт.

„Ме ставија на терапија. Всушност, јас имам инсулинска резистенција и шеќерот ми ‘полудува’, односно, се случува да го немам воопшто кога сум на бина и тогаш мора да се напијам нешто слатко.
Мора да јадам и многу оброци. Нутриционистката ми направи листа со правилни оброци. Морам да јадам петпати на ден, иако се помали количински поради мојата работа, патувањата.
Малку е тешко и напорно, но јас навистина се трудам. Трипати дневно пијам и апчиња“, вели таа.

Погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело