Најромантичната изјава на сопругот (36) на Гоца Тржан (50) среде кавга - буквално ја трогнал пејачката
- Детали
- понеделник, 16 јуни 2025
Гоца откри дека за нејзината ќерка Лена, од првиот брак, вториот сопруг Раша во тензична кавга ѝ рекол: „Те молам, само немој да ми забраниш да ја гледам Лена, таа е сè што имам“ и уште еднаш докажал дека нејзината ќерка ја сака како свое дете.

Гоца Тржан (50) е во љубов со 14 години помладиот Раша Новаковиќ повеќе од една деценија.
Гоца од претходниот брак ја има ќерката Лена која Раша ја прифатил како свое дете, а доказ за тоа е една неодамнешна изјава на Гоца.

Таа отворено говори секогаш за сè, па така и дека има конфликти во бракот со Раша понекогаш.
Но, во еден миг кога нивна кавга ескалирала, тој ѝ кажал нешто со кое што засекогаш ѝ го освоил срцето.
Тој во еден миг ѝ рекол: „Те молам, само немој да ми забраниш да ја гледам Лена, таа е сè што имам“.

Со оваа изјава тој уште еднаш ѝ докажал дека Лена ја гледа како свое дете и колку таа е значајна за него.
Во една пригода Гоца откри дека Раша во нејзиниот живот влегол кога Лена имала 5 години и дека никогаш во овие 13 години заедно не рекол „ова е ќерката на Гоца“, туку секогаш „нашето дете“.

Дури и на неoдамнешниот 18-ти роденден на Лена одржал говор за неа од кој сите плачеле.
Гоца во едно гостување во српско радио откри кои се најголемите стравови на Раша:
„Сме се скарале неколку пати и јас онака женски ќе изговорам сè и сешто, а тој трепка и ми вели: „Само те молам никогаш да не ми забраниш да го гледам моето дете, никогаш не ми го одземај тоа, затоа што таа е сè што имам“.
Ете, тоа се работи што никогаш нема да му ги заборавам и ќе има кредит кога ќе влезе во криза на средни години.
Таквите работи се заслужуваат, а тој го заслужи своето место и во мојот и во животот на Лена“.
Гоца е постара од својот сопруг 14 години, а родителите на Раша во една пригода проговорија за односот со снаата.
Мајката на Раша за Гоца и разликата во години изјави:
„Имаше прашања, но зад грб. А таквите се лоши луѓе. Имаше и роднини кои се прашуваа дали ќе потрае, па Боже мој, додека има синови, ќе има и снаи, додека има ќерки, ќе има и зетови.
Гоца е нормална личност, па и за нас е нормална снаа.
Учествува во сите наши случувања, и убави и тешки, ние сме постојано во контакт со Радомир, често доаѓаат.
Тие не се мешаат во нашите животи, ниту ние во нивните. И тоа е вистинскиот рецепт.
Поминаа толку години, никогаш не сме се скарале“.

С. С. | Црнобело
