„Побегнав од војната во Босна во изрешетано Југо, 1 година примав хемотерапија додека студирав“ - Тешкиот живот на Мили
- Детали
- петок, 20 јуни 2025
„Со родителите и брат ми во Осиек живеевме во стан што порано беше банка, од 450m2 и сопствен парк, а потоа дојдовме во Белград во стан од 15 квадрати. На кровот на зградата имаше перална и жици за сушење алишта, а еден дел беше импровизиран со мијалник и туш, како надворешен тоалет“ - раскажал Мили за својата тешка судбина во 1990-тите.

Композиторот и основач на групата „Милиграм“, Александар Милиќ - Мили, денес е успешен човек во светот на музиката и еден од водечките луѓе на „Гранд продукција“.
И иако сега животот му е среден, кариерата и понатаму му оди по нагорна линија, а тој ужива во благодетите што му се нудат, сепак во младоста, работите биле сосема поинакви.
Бегството од Сараево во Белград за време на војната во 1990-тите, на Мили му донеле болест и сиромаштија, пред да ги доживее големата среќа и успех.

Мили е секогаш искрен и отворен, па признава дека кога ја запознал сопругата, таа мислела дека е милионер, а тој, всушност, живеел во распаднато студио.
Тој не се срами ни да каже дека е бегалец од војната и дека со семејството едвај врзувале крај со крај.
„Моите родители отидоа да го посетат мојот вујко во Белград и не знаеја дека тоа ќе биде последен пат да го видат Осиек.
Само им кажаа дека не смеат да се вратат, и дека е опасно по нивните животи да си дојдат назад, дури и за да си ги земат своите работи.

Тоа беше веќе 1991 година, а една година подоцна и јас решив да избегам во Белград.
Со тројца другари влеговме во Југото кое беше изрешетано, имаше дупки од куршуми, бидејќи беше паркирано на местото каде што се случуваше пукање.
Немавме стакла на прозорците, немавме седиште за возачот, мораше да се завиткаме во ќебиња додека патувавме, бидејќи беше многу ладно надвор“, рекол Мили за своето бегство.

Тој открил дека во Белград дошол само во фармерки и во маицата што ја носел на себе
„Кога помислив дека не може да биде полошо, ми пронајдоа малигна болест. Ми кажаа дека е резултат на стрес и внатрешно разочарување поради војната“ - рекол Мили.

Следните години им биле исклучително тешки, не само за Мили кој бил болен, туку и за целото семејство, иако неговите родители се вработиле како лекари во Белград.
„Со родителите и брат ми во Осиек живеевме во стан што порано беше банка, имаше 450m2 и сопствен парк, а потоа дојдовме во Белград во стан од 15 квадрати.
На кровот на зградата имаше перална и жици за сушење алишта, а еден дел беше импровизиран со мијалник и туш, како надворешен тоалет.
Таму живеевме четворицата, но се сеќавам дека бевме среќни. Имаше љубов меѓу нас и никогаш не очајувавме ниту за момент, иако живеевме во сиромаштија.

Платите на мама и тато беа по 2-3 марки, а лебот чинеше 500 илјади.
Додека не дознавме за мојата болест, навистина бевме без грижи. Се лекував една година и примав хемотерапија. Во тоа време, таа терапија беше ужасно тешка и агресивна, но успеав да ја победам болеста.
Дури успеав да завршам и третата година на факултет, одев на испити со канили на рацете“, открил тој.

Прочитајте и „Мислеше дека сум милионер, а јас живеев во распаднато студио“: Мили за љубовта со згодната сопруга
А. Ј. | Црнобело