Немања Стевановиќ од „Ѕвездите на Гранд“ беше еден од најголемите српски заводници - го освои фатална бринета, доби ќерка
- Детали
- сабота, 23 август 2025
Имаше низа естрадни врски, меѓу кои некои проследени и со скандали од типот на испади и љубоморни сцени во ријалити шоу со тогашната девојка, пејачката Милена Цераниќ, поради што потоа добија отказ од Гранд продукција... Каде е и што прави денес Немања Стевановиќ?

Популарниот пејач и поранешен учесник во „Ѕвездите на Гранд“, кој стигна до финалето во 2007 година, Немања Стевановиќ од Белград, со години важи за еден од најпосакуваните мажи на српската естрада.

Сепак, неговото срце ѝ припаѓа на Јелена, жената со која е во брак од 2014 година.

Немања и Јелена се запознале на еден од неговите настапи, каде што, како што раскажува пејачот, цела вечер разменувале погледи.

„На крајот ѝ пријдов, иако беше малку воздржана бидејќи сум познат.
Но, само се преправаше“, изјави тој во една пригода.

По две години врска се венчале во март 2014 година со свадбена церемонија на која присуствувала речиси целата естрада.

Немања пред убавата Јелена, имаше низа естрадни врски, меѓу кои некои проследени и со скандали од типот на испади и љубоморни сцени во ријалити шоу со тогашната девојка, пејачката Милена Цераниќ, поради што потоа добиле отказ од Гранд продукција.


