Луксузниот дом на српската писателка Јелена Бачиќ Алимпиќ, која има армија фанови и во Македонија (фото)
- Детали
- сабота, 23 август 2025
Со огромна аголна гарнитура, светли тонови и елегантни детали, домот на Јелена Бачиќ Алимпиќ е нејзина совршено уредена семејна оаза.

Писателката и некогашна водителка Јелена Бачиќ Алимпиќ годинава го уреди својот дом во Нови Сад според најсовремените стандарди и нејзиниот стан зрачи со луксуз и префинетост.
По напуштањето на водителството, таа целосно се посвети на пишувањето, како и на мирен, семеен живот.
Домот на Јелена е уреден во минималистички стил, со внимание на секој детаљ.

Огромна аголна гарнитура ја краси дневната соба, има и камин, како и уметнички дела, а преовладуваат светлите бои.

Во една пригода Јелена проговори за своето скромно детство и младост:
„Не успеав да ги задржам парите што ми ги даде татко ми. Но, се снајдов - работев и добро заработував.
Сите пари му ги давав на татко ми, иако тој не сакаше.
Инаку со водителската кариера сфатив дека не можам да живеам таков живот – луѓето што така работат го гледаат своето дете/деца само по еден час дневно, па се повлеков“, вели Јелена.
