Се удираше со тапанарски палки во глава, „претепана“ од партнерот: Скандалите на Ана Николиќ не стивнуваат во последно време
- Детали
- четврток, 17 јули 2025
По видеото со повреди на лицето, за кое се пишуваше дека ја претепал партнерот, но таа негираше до сцената на неодамнешен настап со тапанарот... Ана Николиќ постојано е среде скандали, откако откри како ослабела од 105kg до денешната тежина.

Ана Николиќ во изминатите години постојано е среде скандали, но тие како особено да зачестија во последниов период.
Таа ги запрепасти фановите кога осамна видео како седнува во скутот на тапанарот, среде настап, ги зема тапанарските палки и се удира по главата.
Видеото стана вирално на Твитер, а еден од коментарите гласи: „Ова е морничаво“.
Погледнете го видеото:
Инаку, таа го привлекува вниманието и со скандалите со нејзиниот партнер композиторот Горан Ратковиќ – Рале, па од љубоморни испадна на настапи до тепачки и конфликти, тие постојано се во српските медиуми.

Неодамна по медиумите се прошири вест дека пејачката Ана Николиќ била претепана, а кружеше и видео од неа со повреди, а сега според српскиот магазин „Курир“, скандалот го започнал нејзин поранешен близок пријател, кому Ана му пратила видео од лицето по естетски третман уште пред две години.

По нивната караница, тој го објавил видеото како да е ново и предизвикал паника во јавноста.
Ана веднаш потоа се огласи и преку видео покажа дека е на базен со својот партнер Рале и дека е добро. На шега рече: „Еве, Ана е претепана“.
Ана тврди дека станува збор за стара снимка по третман за кожа, а не за вистинско насилство.

Ана во едно неодамнешно гостување искрено проговори за своите тешкотии:
„Понекогаш сакав да ја уништам „Ана Николиќ“ на несвесно ниво.
Со 105 килограми седев во фотелја, но не успеав. Не знам како некој друг можел да помисли дека ќе ме уништи, кога јас самата не успеав.
Навикната сум да бидам згодна и убава, а во еден момент тоа ми беше проблем. Од породилиште излегов горда и тогаш не ми беше важно, но подоцна ми стана важно.
