По скандалите и шиењето на чело, Дарко Лазиќ ја однесе сопругата на Малдиви - Парот објави фотки оттаму
- Детали
- петок, 27 февруари 2026
И додека многумина претпоставуваа дека парот ќе се раздели, поради несериозното однесување на Дарко, Катарина му даде нова шанса на скандалозниот сопруг. Со ќерката отпатуваа на Малдиви.

Српскиот пејач Дарко Лазиќ многу често е во медиумите поради бројните скандали кои се врзуваат со него, а дел од нив се поврзани со сообраќајките кои ги предизвика со неговото непрописно возење.

По една од овие сообраќајки не се знаеше дали пејачот ќе преживее, но тој постојано влегува во нови и нови опасни ситуации, а во една од последните такви незгоди неговата сопруга заврши со шиење на челото.
Таа потоа позираше без да ја крие лузната за фотографиите за промоцијата на нејзиниот спортски моден бренд.

И додека многумина претпоставуваа дека парот ќе се раздели, поради несериозното однесување на Дарко, кое неретко е поврзано со прекумерното консумирање на алкохол, Катарина му даде нова шанса.


Сега, парот со нивната ќерка е на Малдиви, а Дарко објавува фотографии како ужива во рајска атмосфера со своето семејство.






Прочитајте и Дарко Лазиќ возел со 1,9 промили алкохол во крвта, претходно изјавил дека не пиел - Нови детали за сообраќајката
С. С. | Црнобело
