Се удираше со тапанарски палки во глава, „претепана“ од партнерот: Скандалите на Ана Николиќ не стивнуваат во последно време
Јадев сè, никогаш не ми беше лошо од прејадувањето, но подоцна морав да застанам.
Имав и здравствени проблеми, па почнав да земам лекови. Малку лекови, малку инает...
Мојата ќерка Тара ми беше двигател за сè. Вежбам на трака, таа седи, јаде чипс и ми вели: „Мамо, можеш ти тоа“.
Таа е мојот животен успех и нешто најспецијално.
Родив мала Ана, во секоја смисла на зборот – ментално, психички, во секој поглед. Пред некој ден ми рече пред своите другарчиња: „Мамо, зошто не си нормална?“
А која е мојата тајна за слабеење? Најважно е внесувањето течности.
Имам утринска рутина. Штом станам пијам 2 чаши вода – понекогаш со лимон, понекогаш без.
Потоа следува појадок – често тоа е јајце на око со домат или некој друг зеленчук. Понекогаш само свежа салата или житарки.

За ручек јадам бело месо или риба со варен зеленчук. Ги исфрлив јаглехидратите (бело брашно) и се држам до внес од 1.000 до 1.200 калории дневно.
Целосно се откажав од слатки. Месо не јадам – освен риба. Ако ми падне шеќерот, ќе земам една лажица нутела и ќе си замислам дека сум изела сè. Слабеењето е прашање на психа“.
Неодамна таа објави фотографии од посетата на Острог:
С. С. | Црнобело
