Трагедија на хрватскиот остров Раб: 1-годишно девојче паднало од тобоган – таткото се спуштал со неа држејќи ја во раце

Татко кој се спуштал на тобоган со неговата ќерка на возраст од 21 месец, случајно ја испуштил, па девојчето паднало од голема височина. Веднаш било пренесено во болница со хеликоптер, но следното утро подлегнало на повредите.

tragedija-na-hrvatskiot-ostrov-rab-1-godishno-devojche-padnalo-od-tobogan-tatkoto-se-spushtal-so-nea-drzhejkji-ja-vo-race-01_2.jpg

Летувањето на семејство од Германија завршило со трагедија откако нивната 21-месечна ќерка паднала од тобоган и подлегнала на повредите.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, несреќата се случила на островот Раб во аквапаркот Aquagan, а детето паднало од рацете на својот татко.

Таткото се спуштал на тобоганот со девојчето во раце, но во еден миг му се испуштило, па паднало од голема висина на земјата.

Инцидентот се случил во вторникот (22.07) и детето веднаш било пренесено во болница со хеликоптер. Но, следното утро починало.

tragedija-na-hrvatskiot-ostrov-rab-1-godishno-devojche-padnalo-od-tobogan-tatkoto-se-spushtal-so-nea-drzhejkji-ja-vo-race-004.JPG

Трагедијата се случила пред очите на бројни посетители, а според некои очевидци, таткото во паника повикал брза помош и само рекол:

„Не ме прашувајте ништо, ќерка ми умира!“

tragedija-na-hrvatskiot-ostrov-rab-1-godishno-devojche-padnalo-od-tobogan-tatkoto-se-spushtal-so-nea-drzhejkji-ja-vo-race-003.JPG

За хрватските медиуми, се огласи докторка од болницата каде што било примено девојчето.

„За жал, детето имаше повеќекратни тешки телесни повреди, вклучувајќи сериозни повреди на главата, мозокот и градниот кош.

И покрај сите мерки за интензивно лекување, во утринските часови дојде до смртен исход. Искрено се сочувствуваме со семејството во овој тежок момент“.

tragedija-na-hrvatskiot-ostrov-rab-1-godishno-devojche-padnalo-od-tobogan-tatkoto-se-spushtal-so-nea-drzhejkji-ja-vo-race-3.JPG

Кратка изјава даде и управителот на аквапаркот:

„Не бев таму кога се случи трагедијата и што да ви кажам… Ова е трагедија за нас, за семејство, за сите. Полицијата е сега во паркот и проверува што се случило.

Во овој парк, со кој управувам повеќе од 30 години, никогаш не се случило нешто вакво“.

tragedija-na-hrvatskiot-ostrov-rab-1-godishno-devojche-padnalo-od-tobogan-tatkoto-se-spushtal-so-nea-drzhejkji-ja-vo-race-002.JPG

Безбедности мерки за тобогани варираат од парк до парк, а зависат и од висината на тобоганот. Постојат тобогани наменети само за возрасни поради потенцијална опасност што ја претставуваат.

Генерално, во повеќето аквапаркови, задолжително е децата на возраст под шест години (некаде и 12) да бидат под постојан надзор на возрасна личност.

За некои тобогани, пак, децата треба да имаат одредена висина за да можат да ги користат.

Кај повеќето аквапаркови, децата треба да се високи најмалку 90 сантиметри не само за тобоган, туку и за останатите реквизити во паркот.

Кога се во прашање многу мали деца кои немаат ни две години, тобоганите не се сметаат за безбедни, без разлика што се во придружба со возрасна личност.

Причината е тоа што телото треба да биде поставено во одредена положба за спуштањето со тобоганот да биде безбедно, а многу малите деца не се способни да ги следат овие инструкции.

Засега нема информации какви биле мерките за безбедност во аквапаркот во Хрватска каде што се случи трагедијата.

Спирова С. | Црнобело

фото: Фејсбук

Би можело да ве интересира:

Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
Трагедија го потресе регионот: 5-годишно момче се удави во аква парк во Србија - тренер по пливање г... Децата безгрижно си играле и се капеле во детскиот базен, кога за само еден миг ...
Се сврте кон верата, чудни напливи на емоции – Што прави бившиот сопруг на Марија Микиќ откако се вр... Ги носи децата во црква, околу вратот носи крст, почна да работи како менаџер на...
Србинка пронајде љубов на 80 години: „Во брак сме 2 години, се запознавме на Фејсбук, помлад е 13 го... Дека љубовта не познава возраст, докажува Оливера (83) која во деветтата децениј...
Милица Дабовиќ, која призна дека е спремна на сè за пари, ќе се мажи за кумот на Дарко Лазиќ: „Среќн... „Зафатена сум, сакана сум и верена сум“ – одговори Милица дрско на обожавател, о...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...

Најчитани неделава