Саша Ковачевиќ наполни 40 години - Го прскаат со шампањ, ги покажа стомачните мускули на плажа
- Детали
- понеделник, 28 јули 2025
„Добредојдовте 40-ти. Драги луѓе, благодарам на преубавите желби и честитки. Ве сакам сите“, порача Саша од плажа во Анталија.

Саша Ковачевиќ наполни 40 години, а роденденот го прослави на летување во Анталија со саканата Зорана и нејзината ќерка Искра, за која тој вели дека ја сака како да е негово дете.
И додека беа на плажа во ресортот во кој летуваат, Саша го дочека вистинско изненадување - една од вработените му донесе торта со порака Happy Birthday, а потоа го прскаа и полеваа со шампањ.

Саша објави неколку роденденски фотки на Инстаграм. На едната е со малата Искра и држи балон во раката, а тука се и фотките на која се гледаат неговите извајани мускули.
„Добредојдовте 40-ти. Драги луѓе, благодарам на преубавите желби и честитки. Ве сакам сите“, напиша тој.
Пејачот им се заблагодари и на вработените во хотелот, велејќи дека му приредиле роденден кој никогаш нема да го заборави.
Погледнете ги фотографиите:




А. Ј. | Црнобело