Се ожени Саша Ковачевиќ - невестата блеска во венчаница од тантела, објавени први снимки
- Детали
- недела, 07 јуни 2026
Парот, кој го чека своето прво дете, се венча во кругот на најблиските, свадбата ја правеа во локал на отворено, а за свадбениот танц ја избраа песната „У тебе сам заљубљен“ од Роѓа Раичевиќ.

Саша Ковачевиќ, еден од омилените регионални пејачи, се ожени со својата сакана Зорана Тасовац, по скоро 9 години љубов.
Парот, како и сè останато поврзано со нивниот приватен живот, свадбата ја направи „тајно“, а дека стапиле во брак се дозна дури откако видеата и фотографиите се појавија во јавноста.

Зорана блескаше покрај Саша во венчаница од тантела, а тој избра елегантен црн костум.
Парот, кој го чека своето прво дете, се венча во кругот на најблиските, свадбата ја правеа во локал под отворено небо, покрај вода, а за свадбениот танц ја избраа песната „У тебе сам заљубљен“ од Роѓа Раичевиќ.

Саша дури и запеа за мерак на гостите.
За потсетување, ова е прв брак на Ковачевиќ, а втор на Зорана, која ја има ќерката Искра од бракот со Богдан Срејовиќ.

Кликнете и погледнете ги видеата:
А. Ј. | Црнобело
