Прободе полицаец и му ја украде униформата - Кој е хрватскиот манекен уапсен во Сплит, што глумеше во спот на Северина?
- Детали
- вторник, 29 јули 2025
Марино Миличевиќ нашол ноже на преклопување со кое преку 20 пати избодел 60-годишен полицаец - на вратот, по лицето, во стомакот, грбот и препоните. Откако полицаецот паднал, поранешниот манекен, како на филм, му ја соблекол кошулата од униформата и се преоблекол сакајќи да се маскира и да така да избега од полициската станица.

Поранешниот манекен и инфлуенсер, Марино Миличевиќ (32) е уапсен во Сплит поради обид за убиство на полицаец.
Судот му одреди едномесечен притвор, поради опасност од бегство, бидејќи тој има и хрватско и босанско државјанство, пренесуваат регионалните медиуми.
Нападот врз полицаецот се случил на 25.07, кога Марино, кој бил приведен во полиција, побарал да оди во тоалет.
Наместо тоа, тој влегол во соседната просторија, каде што нашол ноже на преклопување, долго 10-ина сантиметри, па се вратил назад и преку 20 пати избодел 60-годишен полицаец - на вратот, по лицето, во стомакот, грбот и препоните.
Фото: Фејсбук
Откако полицаецот паднал, поранешниот манекен, како на филм, му ја соблекол кошулата од униформата и ја облекол, во обид да се маскира и да избега од полициската станица.
Сепак, на себе немал капа, што предизвикало сомнеж кај еден од полицајците во станицата, па тој успеал да го совлада манекенот и да го уапси.
Во исто време било пронајдено телото на полицаецот кој „пливал“ во крв, но лекарите успеале да го спасат со брза интервенција.
На испитувањето, Марино признал дека се вратил двапати во просторијата и дека продолжил да го боде полицаецот кој лежел на подот. Тој се брани дека бил под дејство на дрога и не знаел што прави.

Кој е Марино Миличевиќ?
Роден е во селото Граб во Босна и Херцеговина.
Пошироката јавноста првпат го забележа кога се појави во спотот на Северина, за песната „Отрове“, а потоа за свој спот го ангажираше и Сандра Африка.
Откако глумеше покрај Северина, брендовите почнаа да му нудат работа и да го користат неговиот имиџ на „лошо момче“, а кој го седеше поради тетоважите на целото тело.
Отвори и свој Јутјуб канал и Инстаграм профил со име Неприлагоден (Neprilagodjeni), со 38.000 следбеници, кој го деактивирал.
https://youtu.be/hBmQqkbWQ7s?si=vox6UyzMNMyJhcE_
Тој добил ангажман и во ревија на Том Форд.
Неговиот професионален успех, наводно бил прекинат откако паднал во канџите на наркотиците. Со години користел дрога и почнал да пропаѓа физички и психички.
Според полицискиот извештај, тој бил уапсен поради сомневање дека со уште двајца соучесници, наводно, намамил двајца мажи во кафуле, ги затвориле во складот, ги врзале, ги тепале, а едниот од нив го проболе со нож.
Тие барале по 10.000 евра откуп за секој од киднапираните мажи.
Во моментот кога бил уапсен, Марино со себе имал пиштол.
А. Ј. | Црнобело